Топ
Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи
Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл и се судрил со автомобил.
Од здобиените повреди на лице место починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Во слична сообраќајна несреќа вчера загина и 30-годипен мотоциклист од Скопје. Несреќата се случила на автопатот Градско – Велес, во близина на место викано Усек, кога мотоциклистот се судрил со комбе „мерцедес спринтер“.
Мотоциклистот починал на лице место. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.