Македонија
Димитрoв и Османи во Брисел: Ни треба моќта на ЕУ за да создадеме стабилен и просперитетен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на посетата во Брисел учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во организација на Грција и Романија.
Како што информираат од владината прес-служба, на работниот појадок Димитров брифирал за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на договорот од Преспа, како и за генералните очекувања од земјите членки во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.
„Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систем. Во последната деценија Европа постојано се менува станувајќи на некој начин движечка цел што треба да ја следиме. Но, нашите интереси остануваат исти – ни треба трансформативната моќ на ЕУ за создавање на европски, стабилен и просперитетен Балкан“, истакнал министерот за надворешни работи.
На појадокот обраќање имал и вицепремиерот Бујар Османи, кој направил осврт на динамиката и квалитетот во имплементацијата на реформите, согласно планот 18.
„Имаме солидна динамика на имплементацијата на реформите од планот 18, и сериозен напредок во сите дефинирани области: владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата“, истакнал Османи изразувајќи надеж дека оваа реформска динамика ќе биде објективно изразена во наредниот извештај на Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.