Македонија
Заев-Јанковиќ: Сите во државата треба да се посветат на заокружување на реформите
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.
На средбата било заклучено дека сите во државата треба да се посветат на заокружување на реформскиот процес, особено во правосудството и на успешни претседателски избори, што ќе ѝ овозможи на државата да продолжи напред.
„Ова се клучни моменти за евро-атлантската иднина на државата. Владата го знае својот дел од одговорноста и заедно со сите политички и општествени фактори во државата, вклучувајќи го и дијалогот со опозицијата, мотивира имплементација на реформите, особено во делот на правосудството, со цел добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, како и успешно заокружување на процесот на НАТО-интеграциите, до крајот на годината. Истовремено, посветени сме на обезбедување регуларен и успешен изборен процес за претседател на државата и очекуваме сите во државата да го имаат предвид својот дел од одговорноста во овој значаен период за Република Северна Македонија“, истакна премиерот Заев, соопштија од Владата.
На средбата било разговарано и за поддршката што Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ѝ ја обезбедува на нашата држава, експертска и друг вид потребна помош, во процесот на целосно интегрирањe во НАТО.
„Нашата цел е Република Северна Македонија, преку учеството во мисиите на НАТО, опременоста на Армијата, преку постепеното зголемување финансиски средства за Армијата, да биде достоинствена 30-та земја членка на НАТО“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

