Контакт

Македонија

Дескоска: Меѓународни стандарди, а не обиди за избегнување одговорност

Објавено пред

Првата средба, на која треба да се разгледуваат забелешките и амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство, во кој се регулирани и статусот и автономијата на специјалното јавно обвинителство, се одржа денеска во Министерството за правда.

dobivaj vesti na viber

Од страна на Министерството за правда на средбата учествува министерката Рената Дескоска, делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Тони Менкиноски, а присуствува и претставникот на ДУИ, Артан Груби.

Пред средбата Дескоска рече дека во согласност со договорот за работата на работната група, ВМРО ДПМНЕ треба да доставу амандмани на законот.

„Сè што ќе значи подобрување на текстот во насока на имплементирање стандарди на ЕУ – ќе бидат прифатени. Секако, заедничката желба на Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија е да имаме текст што ќе значи имплементирани меѓународни стандарди, но, секако, сите присутни на состанокот мора да бидат свесни дека под стандардите што ќе значат објективно, капацитетно Јавно обвинителство, и СЈО како траен орган, не можеме да отидеме бидејќи носењето закон само за да се донесе, без оглед на квалитетот, не е нешто што можеме да го оправдаме ниту, пак, е потребно. Од таа причина мојата порака до сите учесници денеска е дека мораме да работиме заедно на носење квалитетен закон, кој ќе имплементира меѓународни стандарди, а не да се прават обиди за избегнување одговорност од поранешни или идни сторители на кривични дела“, рече Дескоска.

Во однос на прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ Катица Јанева да не биде специјална јавна обвинителка, Дескоска одговори:

„Мандатот на специјалната обвинителка според сегашниот закон истекува оваа година. Со оглед на тоа што ниту Мицкоски, ниту Зоран Заев ниту, пак, Министерството за правда избира јавен обвинител, прашањето понатаму за избор што ќе продолжи да ја врши функцијата специјален јавен обвинител е прашање што ќе треба да го одговорат членовите на Советот за Јавно обвинителство“.

Од тие причини не треба да разговараме за луѓе, туку за создавање систем заснован на принципи, кој ќе гарантира и утре непристапно водење на постапките од страна на кое било обвинителство“.

Какви се шансите да се добие обвинител по избор на опозицијата беше следното прашање на кое министерката за правда одговори:

„Препораките што ги имаме за начинот на избор, за критериумите, укажуваат дека треба да имаме процедура во која политичките партии нема да имаат мешање. Тоа се европски стандарди и ние ќе се залагаме за имплементирање на европските стандарди со цел законот да биде позитивно оценет од Европската комисија и да ни се овозможи отворање на преговорите“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени

Објавено пред

Од

Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Гази Баба и Карпош

Објавено пред

Од

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

26.12.2025 година (петок) :

· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)

· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови од Карпош

Објавено пред

Од

Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.

dobivaj vesti na viber

„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија13 часа

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ17 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија18 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија18 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија19 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија19 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ20 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија20 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија22 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет23 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет24 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет24 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија1 ден

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија1 ден

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија1 ден

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија2 дена

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...