Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Шест месеци Јавното обвинителство без информации за кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ против Заев

Точно шест месеци Јавното обвинителство нема никаква реакција, соопштение, информации, што е сработено и дали воопшто е постапено по кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ против премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој јавно на митинг во Крива Паланка повика на поткуп при избори, што е спротивно на чл. 160 и чл.162 од Кривичниот законик и тоа е казниво дело, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Почитувани, во согласност со препораките од 2003 година од Комитетот на министри при Советот на Европа до земјите членки за обезбедување информации преку медиумите што се однесуваат на криминалните истраги, стои дека за истраги што се во интерес или привлекуваат големо интересирање во јавноста властите би требало да ги информираат медиумите за нивните постапки до оној степен што не би значело попречување или одложување на истрагата. Во случаи на подолги постапки, се заклучува во препораката, овие информации треба редовно да бидат доставени до медиумите.
Кривичната пријава е поднесена на 18 септември, точно пред шест месеци лани, среде кампањата за референдумот, а и денес, шест месеци подоцна нема никаква информација. Според постапките на Јавното обвинителство, или сметаат дека кривичната пријава против премиерот за поткуп во изборни цели е за случај од вонредно значење или дека не предизвикува интерес или за нив шест месеци не е долг период!
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе оваа кривична пријава бидејќи јавниот обвинител не постапи во согласност со надлежностите предвидени во чл. 39 од Законот за кривичната постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас. Со кривичната пријава го доставивме и видеоматеријалот на кој се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша како признава дека еден бизнисмен, односно сопственикот на „Минстрој“, веќе му ветил на Заев дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот тогашен референдум.
Ваквото однесување на Јавно обвинителство го става Зоран Заев над законот, ваквото однесување е показател на сервилноста на Јавно обвинителство кон извршната власт, ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија.
На чекор сме до претседателските избори, со ваква селективност, со Јовески/Русковска-прислушувано обвинителство, Заев повторно неказнето би можел да нуди поткуп, да поттикнува поткуп, да бара бизнисмени да го одврзат ќесето, јавно да бара и да нуди сè во изборни цели. Тоа не смее да се случува во држава на европска почва.
Правото и правдата ќе се вратат со масовна поддршка и гласови за Гордана Силјановска-Давкова, со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Шукова од Аеродром: Конкретен план за опасниот извор на загадување – Вардариште

Во присуство на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера говореше на митинг во општина Аеродром.
Таа посочи дека ова не е уште една политичка вечер, туку обид да се врати смислата на локалната политика, која треба да биде во служба на граѓаните.
Шукова особено се задржа на темата што со години е болка за жителите на Аеродром – депонијата Вардариште. Таа понуди конкретен план за решавање на проблемот со овој опасен извор на загадување, со силен надзор и системско управување со отпадот. Посочи дека ова не е предизборна флоскула, туку животна потреба, затоа што никој повеќе нема право да си игра со здравјето на граѓаните.
Таа говореше и за Скопје како град на потенцијал, а не само на проблеми. Град што може повторно да стане простор на можности, создавање и заедништво. Град што ги инспирира младите да останат, а не да се иселуваат.
Во своето обраќање, Шукова говореше и за довербата кон нејзиниот колега и кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, за кого рече дека е човек што знае што значи отчетност и знае како да ја претвори локалната власт во вистинска служба на граѓаните. Таа ги повика граѓаните да го изберат патот на работа, искреност и реална промена.
„Скопје заслужува повеќе. Аеродром заслужува повеќе. Вие заслужувате повеќе“ – заврши Шукова.
Соопштенија
(Видео) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.
Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера.
„И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром.
„Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче.
Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати.
„Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат на ДДВ, а во наше време тоа се исплаќаше во истиот ден и час кога требаше да се случи. Сериозно е нарушена ликвидноста на компаниите, стопанството, поради тоа што државата и општините не ги вршат навреме исплатите.“
Во обраќањето, Филипче нагласи дека власта ги изневери сите граѓани, вклучително и пензионерите.
„Денеска на виделина излезе уште една лага, а тоа е за пензионерите – само 1.000 денари зголемување. Над 97% од вкупниот број на пензионери кои сега земаат само 1.000 денари, требаше по нашата методологија да земат 2.000 денари“, рече Филипче.
На граѓанската трибина тој порача дека не постои ниту една област во која ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со резултати.
„Ваква ненародна Влада, мислам дека држава, нема една сфера во која што е добро. Нема еден проект, една работа за која може да се пофалат“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Овој хаос, како што кажа Филипче е резултат на нефункционалната и незаинтересирана Влада на ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа е само доказ за една незаинтересираност и некапацитетност на оваа Влада која нема намера да направи и да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните и државата.“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.