Регион
Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика Нов Зеланд да ја врати смртната казна во правосудниот систем по масакрот во џамиите во градот Крајстчерч и предупреди дека Турција ќе се погрижи за напаѓачот ако Нов Зеланд го пропушти тоа.
Австралиецот Брентон Тарант во името на белиот расизам уби 50 верници, а во петокот се молеа во две џамии во Крајстчерч.
„Исполнети со омраза убивте 50 наши браќа. Ќе платите за тоа. Ако тоа не го стори Нов Зеланд, ние знаеме како ќе платите за тоа злосторство на овој или оној начин“, рече Ердоган на изборен собир пред илјадници луѓе во северна Турција. Тој не објаснил како мисли да го стори тоа.
Ердоган оценил дека Турција погрешила кога пред 15 години ја укинала смртната казна и додал дека Нов Зеланд треба да почне постапка за враќање на казната во својот конзервативен систем.
„Ако Нов Зеланд не донесе таква одлука, ќе продолжиме да ги уверуваме во тоа. Ќе преземеме потребни акции“, изјави Ердоган.
На собир за кампања за локални избори, на кои неговата владејачка партија се бори за победа, Ердоган покажал снимка од масакрот во Крајстчерч што извршителот го емитуваше на „Фејсбук“, како и извадоци од манифестот на Тарант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти.
„Почитуван Александар! Почитувани српски патриоти! Поздрав од Будимпешта. Со месеци следиме што се случува во Србија. Странските сили се обидуваат да се мешаат во животот на Србите. Тоа се случува и овде. Странските сили сакаат да им кажат на Србите како треба да живеат. Истото го прават и овде“, рече Орбан во видео пораката.
🇷🇸🇭🇺 @PM_ViktorOrban: Стране силе хоће да кажу Србима како да живе!
„Драги Александре! Драге српске патриоте! Поздрављам вас из Будимпеште. Већ месецима пратимо шта се дешава у Србији. Стране силе покушавају да се умешају у животе Срба. Ово се дешава и код нас. Стране силе хоће… pic.twitter.com/3ibEl8uNMh
— Народни непријатељ 🇷🇸 (@PrijateljNaroda) April 10, 2025
Тој додаде дека странските сили постојано ги напаѓаат оние кои се залагаат за суверенитетот на Србија, јавуваат белградските медиуми.
„И за тоа не напаѓаат. Гледаме дека не се откажувате, гледаме дека се борите храбро, бидејќи сакате суверена Србија. Не сте сами – вашата борба е наша борба. Српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти. Да живее претседателот Вучиќ, да живее Србија“, рече Орбан.
Регион
Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не размислувал за оставка и дека нема да ја напушти Република Српска.
„Никогаш нема да поднесам оставка под притисок. Ќе ја напуштам политичката сцена само кога граѓаните на Република Српска ќе одлучат дека е време да си одам“, изјави Додик, пренесуваат сараевските медиуми.
Тој додаде дека „сигурно нема да ја напушти РС“, бидејќи, како што рече, „има сè – неговото семејство и неговите најблиски“.
„Таму се чувствувам добро“, истакна Додик, додавајќи дека е посветен „да се залага за Република Српска и да се бори за секој нејзин агол“.
Тој рече дека властите на РС „не се милитаристи, ниту се бунтовничка група и нема од што да се плашат“.
„Законот е на наша страна и се врши очигледна и широко распространета злоупотреба од политичарите во Сараево, особено оние босански муслимани кои се посветени на политичкиот ислам, кој тие го промовираат на овие простори веќе три децении“, рече Додик.
За Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, по налог на Судот на Босна и Херцеговина е издадена внатрешна потерница, бидејќи тие се под истрага за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
На 26 февруари, Додик во прв степен беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција за кривичното дело неисполнување на одлуката на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.
Регион
Вучиќ одговори: Самиот влегов да ги посетам пациентите од пожарот во Кочани

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по прозивките во јавноста рече дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија, во посета на повредените од Кочани.
„ Не мора никого да бркаат, еве веднаш и на обвинителите и нив да им соопштам, па јас сум тој. Гордиот Александар Вучиќ, кој учествуваше и чија идеја беше да се изгради и обнови Клиничкиот центар, да вложиме големи пари. И затоа што е толку модерен Клиничкиот центар, тие луѓе имаа каде да дојдат, а јас отидов да ги посетам“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање во Париз.
Претходно студентите кои протестираат повикаа на итно покренување постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, директорот на Ургентниот центар и началникот на Интензивна нега. Студентите истакнаа дека неовластени лица влегле на одделението за интензивна нега без заштитна опрема и ги снимале пациентите, со што грубо го загрозувале здравјето, правото на приватност и достоинството на пациентите, пренесоа српските медиуми.
И народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои сакаат да утврдат кој им дозволил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и новинарите да влезат во одделението за интензивна нега.
По пожарот во дискотеката во кој загинаа 61 лице, дел од тешко повредените пациенти беа пренесени на лекување во Белград. Тие беа сместени во одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), каде Вучиќ заедно со медиумски тимови ги посети на 17 март, по што беа објавени снимки.