Македонија
(Видео) Заев од Брисел: На земјите членки на ЕУ им дадовме силни аргументи да донесат одлука за отворање на преговорите во јуни
Паралелно со големата посветеност на решавање на отворените билатерални прашања, Република Северна Македонија во континуитет ги спроведуваше реформските процеси во земјата. Особено внимание државата посвети на реформите во клучните области правосудство, реформа на разузнавачките и безбедносните служби, борба против корупцијата и реформа на јавната администрација, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на 15-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, тело што во моментот претставува највисоко за одржување на формалните односи помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија.
По состанокот, Заев одржа заедничка прес-конференција со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и со комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
„Во периодот пред нас ќе работиме уште повеќе и уште подобро заедно со опозицијата и сите пратеници во Собранието за остварување на сите преостанати задачи, кои може да имаат влијание за одлуките во јуни, но и за подобрување на животот на нашите граѓани. Отворањето на пристапните преговори останува примарна цел на Република Северна Македонија. Уверени сме дека имаме силни аргументи, кои ќе им овозможат на земјите членки на ЕУ да донесат одлука за отворање на преговорите во јуни, врз основа на препораката на Европската комисија за која се надеваме дека ќе биде позитивна и оваа година. Изразуваме задоволство од интересот на Европската Унија за задржување на фокусот кон регионот и неговата европска перспектива и апелираме да се земат предвид околностите и важноста соодветно да се продолжи со вреднување на постигнатото“, нагласи Заев.
Македонскиот премиер им порача на европските институции дека може и понатаму да сметаат на Република Северна Македонија како на доверлив и веродостоен партнер во вградувањето на европските демократски вредности во целиот регион, кој ја потврдува својата стратешка ориентација колку што може побргу да стане интегриран дел од Европската Унија“.
„Во нашата земја реформите даваат резултат и билатералните договори со Грција и Бугарија даваат резултат. Економските параметри ги кршат сите рекорди, бројот на странски инвестиции е двојно поголем од која било година досега, се намалува невработеноста, растат индустриското производство и извозот и истовремено се профилираме како земја што преку билатералните договори и успешните реформи навистина во пракса покажува дека е вредно низ дијалог да се постигнуваат договори со своите соседи и со реформите да се биде доволно атрактивен за домашните и странските инвестиции“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

