Македонија
(Видео) Хан и Могерини со пофалби, но и со потсетување дека не се завршени обврските
Има напредок, но сепак треба уште многу да се одработи, е пораката што денеска ја испратија европските лидери на средбата со премиерот Зоран Заев. Шефицата на европската надворешна политика, Федерика Могерини, ги поздрави постигнатиот договор со Грција и надминувањето на долгогодишниот спор потенцирајќи ја важноста на тој договор како пример за надминување големи спорови меѓу соседски земји. Таа ја пофали енергичноста на македонската Влада во пристапувањето кон реформите и порача дека се надева оти така и ќе продолжи.
„Потребно е сите политички сили во земјата да работат заедно и конструктивно на реформската агенда. Инклузивниот пристап останува суштински, а широките консултации треба да продолжат. Очекуваме опозицијата да дејствува конструктивно и веруваме дека ќе демонстрираат чувство за одговорност и капацитет да се надминат разликите за да може земјата да ги исполни очекувањата на граѓаните за членство во ЕУ“, рече Могерини.
Комесарот за проширување, Јоханес Хан, пак, потсети на обврските што земјата сè уште не ги завршила, а тоа се реформите во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација. Тој нагласи дека залудни се реформите ако граѓаните не чувствуваат бенефит од нив.
„Денеска многу слушнавме за прогресот, но морам да ве охрабрам да продолжите, а не да ги забавите сите тие напори. Промените во легислативата се позитивни и неопходни, но сакаме да видиме и трајна промена на менталитетот и однесувањето. Тоа е нешто што е многу поважно во поглед на успешен процес за зачленување во ЕУ“, рече Хан.
Според премиерот Зоран Заев, токму напредокот во реформскиот процес е силен аргумент за земјава во јуни да добие датум за почеток на преговори.
„Во периодот пред нас ќе работиме уште повеќе, уште подобро, заедно со опозицијата и сите пратеници во Собранието на Северна Македонија за остварување на сите преостанати задачи кои може да имаат влијание на одлуката во јуни , изјави Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

