Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Целосно сме подготвени да ги прифатиме обврските и одговорностите што ќе ги донесе полноправното членство во НАТО

Објавено пред

Во нашата земја многу генерации напорно работеа на остварувањето на оваа наша историска цел и достигнување. Нашите аспирации за членство во НАТО секогаш имале висок степен на одобрување и поддршка од најширокиот спектар на нашето општество. Така е и денес. Знаеме дека членството во НАТО отвора нова и сигурна безбедносна перспектива за нашата земја, порача премиерот Заев на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во седиштето на алијансата.

dobivaj vesti na viber

„Целосно сме подготвени да ги прифатиме и новите обврски и одговорности што произлегуваат од нашиот статус набргу како полноправна членка. Како идна членка на НАТО, правиме сериозни чекори за зајакнување на капацитетите на нашата армија. Во 2018 година го зголемивме буџетот на нашите одбранбени сили 14 отсто и остануваме посветени да ја оствариме нашата цел и најдоцна до 2024 година да обезбедиме 2 отсто од нашиот БДП да оди за современи армиски сили, кои во секој поглед ќе бидат рамноправни со своите сојузници во НАТО. Оваа наша цел ќе ни помогне да го зголемиме нашето учество во мисиите предводени од НАТО, како и нашата партиципација во командните и политичките структури на алијансата. Тоа е приоритет за нас кога стануваме полноправна членка на алијансата“, истакна Заев.

Тој нагласи дека земјата е подготвена да продолжи да соработува со сите НАТО-сојузници за да го преземе делот од заедничките обврски и одговорности како 30-та земја членка за да обезбеди свој придонес за понатамошно обликување на Западен Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион.

„Убедени сме дека нашето членство во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе биде инструмент за креирањето нова позитивна слика за регионот. Процесите што ги поминавме не беа лесни, но беа исклучително важни за иднината на нашата земја. Договорите склучени со нашите соседи Бугарија и Грција се непобитен доказ за нашата зрелост. Тие договори се темелите за идниот развој на силното партнерство што го почнавме и што биде од придонес за понатамошно зачувување и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност“, посочи Заев.

Подготвени сме да ги поддржиме сите земји од нашето соседство во исполнувањето на овие стратешки цели од интерес на граѓаните од регионот кои делат заеднички вредности: посветеност на демократијата, слободата, слободна пазарна економија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, порача македонскиот премиер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Активни се девет пожари во Македонија

Објавено пред

Од

До 18:30 часот, имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

АКТИВНИ (9):

Општина Чучер Сандево: помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар)
Општина Прилеп: с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума)
Општина Василево: с.Владевци (нискостеблеста шума)
Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)
Општина Крива Паланка: с.Лозаново
Општина Тетово: патен правец Тетово – с.Селце (дива депонија)
Општина Делчево: м.в.Брежје (нискостеблеста вегетација, смреки и грмушки)

ПОД КОНТРОЛА (4):

Општина Македонски Брод 1: с.Рамне – с.Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод 3: с.Слатина (нискостеблеста мешана шума)
Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија)

ИЗГАСНАТИ (16):

Општина Шуто Оризари: с.Визбегово (депонија)
Општина Ѓорче Петров: с.Орман (ниска вегетација и дрво)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)
Општина Аеродром: ул. 3 Македонска Бригада (сува трева)
Општина Кисела Вода: ул.Малешевска во нас.Драчево (сува трева)
Општина Струмица: с.Куклиш (стрниште и сува трева)
Општина Велес: градска депонија во Велес (ѓубре)
Општина Кавадарци: ул.Диме Туриманџов (ѓубре)
Општина Делчево: м.в.Брежјето (грмушки и сува трева)
Општина Куманово: нас.Средорек (ѓубре и сува трева)
Општина Крива Паланка 1: с.Градец (шума и сува трева)
Општина Крива Паланка 2: с.Конопница (борова шума)
Општина Желино: с.Ларце – с.Горна Лешница (мешана шума)
Општина Тетово: с.Џепчиште (сува трева)
Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)
Општина Кочани: кај селата Јастебник и Полаки, м.в.Бабиште (шума и сува трева)

Прикажи повеќе...

Македонија

Уапсени две лица, запалиле кабли и предизвикале пожар

Објавено пред

Од

Полицијата уапси две лица кои запалиле кабли и предизвикале пожар.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, вчера во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници е забележан црн час при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и дива депонија.

„Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време со температура до 33 степени

Објавено пред

Од

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите...

Македонија3 часа

МНР го осуди говорот на министерот Георг Георгиев, бугарскиот амбасадор повикан на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на...

Македонија4 часа

Ангелов со апел до граѓаните: Пријавете на 112 ако видите сомнително однесување поврзано со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска упати силен апел до граѓаните да пријават какво било сомнително...

Македонија5 часа

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази дека пожарите се подметнати, рече Мицкоски

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, изјави премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија...

Македонија7 часа

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција во Владата информира дека статусот на Охридското Езеро...

Македонија7 часа

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за двете лица што нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското Обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена...

Македонија9 часа

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и да опстане

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед,...

Македонија10 часа

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден...

Македонија11 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија11 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија11 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт12 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет13 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа14 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија14 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија23 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија1 ден

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија1 ден

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија1 ден

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...