Свет
Идаи предизвика хуманитарна криза во Мозамбик и Зимбабве, над 1000 жртви
Циклонот Идаи предизвика хуманитарна катастрофа во југоситочна Африка, која влијае на стотици илјади луѓе, можеби и милиони луѓе, соопштија Обединетите нации.
Организацијата проценува дека повеќе од 2,5 милиони луѓе се загрозени и дека им треба итна помош, а уништени се и домовите на илјадници домаќинства.
„Луѓе на терен имаат чувство дека светот сè уште навистина не разбрал колку е тешка оваа катастрофа“, рекол портпаролот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Метју Кокран.
Претседателот на Мозамбик истакна дека се работи за хуманитарна катастрофа од големи размери. Тој рече дека е можно над 1 000 луѓе да се загинати, откако минатата недела силното невреме ја зафати земјата.
Обилни дождови наврнаа во регионот пред налетот на циклонот, отворајќи пат на невремето и надоаѓањето на реките. Владата на Малави соопшти дека има и 56 смртни случаи предизвикани од циклонот Идаи, поради кој се појавија и свлечишта.
Градот Беира во Мозамбик лежи на влезот во големата уста на реката Пунга во Индискиот Океан, во кој се сместени главните пристаништа, што е од суштинско значење за снабдување со гас и храна до централниот дел на земјата.
Парализирањето на Беира ги зголеми стравувањата од претстојниот недостиг на стоки низ целиот регион, објави американскиот „Вашингтон пост“.
Најмалку 1.7 милиони луѓе се на директен удар на циклонот во Мозамбик, а 920.000 се погодени во соседен Малави, соопштија ОН.
Владата во Зимбабве соопшти дека 98 лица загинале, а повеќе од 200 се водат за исчезнати, луѓе се качувале на дрвја за да се спасат од поплавите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

