Спорт
Никој никогаш не го направил ова, Харден влезе во НБА историјата (Видео)
Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, стана првиот играч во историјата на НБА лигата, кој во една сезона, постигнал најмалку 30 поени против сите 29 екипи во лигата.
„Брадата“, во победата на Хјустон над Атланта Хокс 121:105, постигна 31 поен, а Рокетс ја продолжија потерата по лидерите на Западот, Голден стејт Вориорс и Денвер Нагетс.
? @JHarden13 becomes the first player in @NBAhistory to score 30+ points against all 29 opponents in the same season! #Rockets pic.twitter.com/czZFuYGULH
— NBA (@NBA) March 20, 2019
Коби Брајант, во сезоната 2005/2006, постигнал 30 или повеќе поени против 28 различни екипи.
Последен играш што успеал да постигне најмалку 30 поени против сите екипи во лигата бил легендарниот Мајкл Џордан во сезоната 1986/87. Тогаш во лигата се натпреварувале 22 екипи и Џордан против сите постигнал 30+ поени.
Џејмс Харден оваа сезона има просек од 35,9 поени, 7,6 скока и 6,4 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сега е официјално, Србија има нов селектор
Вељко Пауновиќ официјално стана селектор на српските фудбалери, потврди Фудбалскиот сојуз на Србија.
Во Стара Пазова, Пауновиќ потпиша договор со челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија до 2030 година и ќе има пошироки овластувања во однос на сите национални селекции.
Најважно е што Пауновиќ ќе ја извршува улогата на селектор до крајот на Светското првенство што се одржува таа година.
„Преку следниот циклус на Лигата на нации, квалификациите за Европското првенство во 2028 година и борбата за Светското првенство во 2030 година, селекторот зацрта јасни приоритети: стабилност и континуитет во работата на националниот тим, зголемување на конкуренцијата во рамките на играчкиот кадар, јасна организациска структура во стручната служба, изграден систем на игра што не зависи од еден играч, туку од групата и кодекс на однесување во националниот тим што го враќа српскиот фудбал на местото што го заслужува“, се вели во соопштението на ФСС.
Откако ја презеде улогата на селектор, тој ја водеше Србија во два натпревари во поразот од Англија на „Вембли“ (2:0) и победата над Латвија во Лесковац (2:1).
Пауновиќ е 12-тиот тренер во историјата на нашата репрезентација. Најголем успех во кариерата му е светската титула со младата репрезентација на Србија во 2015 година.
Foto/ EPA
Спорт
Утре ќе бидат одредени групите за мундијалот во САД, Канада и Мексико
Утре во 18:00 часот, по македонско време, во Вашингтон ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Овој Мундијал ќе биде по многу нешта историски. Засекогаш ќе се памети дека е прво СП со дури 48 учесници. Од 1998 до 2022 година се натпреваруваа 32 селекции.
Ќе има 12 групи со по четири екипи, а првите две од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани ќе се пласираат во осминафиналето.
Значи, за прв пат на светските првенства ќе имаме 1/16-финале, што ја зголемува нокаут фазата за уште едно коло.
Исто така, само шест групи ќе бидат целосно пополнети утре, додека шест ќе бидат комплетирани дури во март, кога ќе завршат европските и интерконтиненталните баражи.
Исто така, постојат одредени „стапици“, сите екипи што доаѓаат од плејофот ќе бидат во последниот шешир, па ако се случи селекции како Италија, Данска и Турција да се пласираат на Светското првенство, јасно е дека ќе биде формирана најмалку една „група на смртта“.
Ждрепката ќе донесе уште еден преседан и нешто што е карактеристично за тениските турнири, а не за фудбалските турнири.
Имено, ФИФА објави дека првите четири носители во ждрепката за Светското првенство 2026 година, односно четирите најдобри екипи на моменталната ранг-листа на ФИФА, ќе бидат распоредени така што нема да можат да се сретнат пред полуфиналето.
Ова значи дека Шпанија (прв носител) и Аргентина (втор носител) ќе бидат сместени во спротивни половини од костурот, при што или Франција (трет носител) или Англија (четврти носител) ќе влезат во нивните половини.
Секако (да нема соочување на овие селекции пред полуфиналет), ова ќе се случи под услов сите четири екипи да завршат први во своите групи.
Овој систем за рангирање е имплементиран за да се избегнат рани дуели на најсилните и да се обезбедат атрактивни натпревари во нокаут фазата.
ФИФА прецизираше дека шеширите ќе изгледаат вака:
Прв шешир: САД, Канада, Мексико, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Германија.
Втор шешир: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија, Австралија.
Трет шешир: Панама, Норвешка, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Брегот на Слоновата Коска, Тунис, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка.
Четврт шешир: Јордан, Зелен’ртски острови, Гана, Курасао, Хаити, четири победници на европскиот плејоф, два победници на интерконтиненталниот плејоф.
Титулата светски првак ќе ја брани репрезентацијата на Аргентина.
Foto/ EPA
Спорт
Илија Несторовски: Црвена звезда ја одбив поради семејството, а поради мојот силен карактер, Милевски реши дака не му требам во репрезентацијата
Илија Несторовски, „Македонскиот Џејми Варди“, во опширно интервју за „Моцарт Спорт“ зборува за искуството од југот на Италија, соработката со Маурицио Зампарини, Роберто Де Зерби, лошата епизода во Чешка, спасувањето на неговата кариера во Хрватска, повикот од Црвена звезда и несогласувањата со селекторот Благоја Милевски.
По сè што поминавте, доживеавте успех со репрезентацијата на Македонија. Станавте дел од тимот што за прв пат избори пласман на Европско првенство, му асистиравте на Горан Пандев за голот против Грузија во Тбилиси?
„Беше убаво да се биде дел од таа приказна и незаборавен успех. Толку мала земја да се квалификува на Европско првенство, звучи неверојатно. Единствено жалам што, на крајот, не отидов на завршниот турнир. Буквално еден месец пред почетокот на првенството, ги скинав предните вкрстени лигаменти за време на тренинг. Седев на трибините и на клупата, барем бев некаков вид поддршка.“
Иако го направивте сето тоа, стигнавте до 50-тиот натпревар за репрезентацијата, крајот е некако неславен. Влеговте во конфликт со селекторот. Зошто?
„Не би го нарекол конфликт, едноставно, играчи со посилен карактер не му одговараат на Благоја Милевски. Тој одлучи повеќе да не ме вика, рече дека не се вклопувам во неговите тактички идеи. Сè е во ред, нема проблем, секој ги носи одлуките што ги смета за правилни, но треба да се каже како што е. Нема никаква врска со технички или тактички прашања“.
Пред почетокот на последната сезона во Палермо, се зборуваше дека можете да го смените клубот, а Црвена звезда се споменуваше како дестинација, и тоа преку позајмица?
„Мојата цел беше да останам во Италија заради моето семејство, децата, се забавувавме добро, сакав да играм во Серија А и да не се враќам на нашите простории. Тоа беше единствената причина зошто не дојдов во Црвена звезда, а имаше разговори. Животот на Апенините ни одговараше, децата се навикнаа и генерално мислев дека можам да покажам многу повеќе во Серија А“, заклучи Илија Несторовски.
Тука можете да го прочитате целото интервју на Илија Несторовски.
Foto/ EPA

