Контакт

Вести

Во 2014-та 450 убиени во судирите во Синџијанг

Објавено пред

Повеќе од 450 луѓе се убиени во текот на 2014 година во судирите во кинеската покраина Синџијанг каде што живее големата туркофона заедница на Ујгурите, според истражувањата на американска невладина организација којашто истакнува дека има трипати повеќе жртви меѓу ујгурското население отколку меѓу етничкиот кинески народ Хан.

dobivaj vesti na viber

Огромното подрачје во западна Кина кое граничи со земјите од Централна Азија веќе две години е сцена на насилни инциденти со стотици жртви од етнички и религиски карактер, кои власите во Пекинг ги сметаат за сепаратистички и терористички со радикална исламска заднина.

Невладината организација Проект за човечките права на Ујгурите (UHRP) чие седиште е во Вашингтон, според информациите коишто ги собира од кинеските и западните медиуми, вели дека минатата година во Синџијанг биле убиени меѓу 457 и 478 луѓе. Меѓу жртвите таа идентификувала меѓу 235 и 240 Ујгури, и 80 до 86 припадници на кинескиот народ Хан, која е мнозинската кинеска етничка група и во покраината и во земјата.

Вкупниот број жртви е повеќе од двојно поголем отколку во текот на претходната 2013 година, кога според UHRP загинале меѓу 199 и 237 луѓе, од кои 116 до 151 Ујгури и 32 до 38 Хани. Ова вложување американската организација го припишува на „претераното користење на сила “ од страна на кинеските власти и на „влошеното безбедносно опкружување“ откако на власти во 2013 година дојде претседателот Си Џинпинг.

Истражувањето наведува дека последните две години биле убиени меѓу 229 и 333 напаѓачи кои ги нарекува „наводни“, значително од претставници на кинеските власти, односно 53 и 108 жртви, и кинески цивили – 125 и 194 убиени. Меѓутоа, никаде не се наведуваат нападите на автобуските и железнички станици, на пазари како и врз полициски станици, или нападот со џип пред две години на централниот плоштад во Пекинг кога припадници на ујгурското семејство се втурнаа во група цивили.„Во изненадувачкиот број инциденти полицијата ги усмртила сите наводни напаѓачи“, пишува UHRP.

според кинеските и западните медиуми, во последните 18 месеци во Синџијанг се убиени неколку стотици луѓе, меѓу кои и имам од главната џамија во Кашгар, град на некогашниот Пат на свилата, кого ујгруските екстремисти го сметаа за човек близок на кинеските власти.

Синџијанг-Ујгирскиот регион е безбедносни најнестабилната област во Кина. На нејзината територија на која живее автохтоното туркофоно население Ујгури кои станаа малцинство во однос на кинеската етничка група Хан, според кинеските власти, дејствува терористичката организација Источен Туркестан, којашто Пекинг ја сомничи за поврзаност со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Западните влади и организации за човекови права, пак, сметаат дека кинеските власти претеруваат и со тоа ја оправдуваат својата власт на „цврста рака“.

Во округот Шаче, или Јарканд на ујгурски јазик, во јули 2014 година избија жестоки судири пред крајот на муслиманскиот празник рамазан. Автономната област Ујгурија-Синџијанг последните години е потресувана од безредија со многу жртви, поради нетрпеливоста меѓу доминантниот народ Хан и Ујгурите, туркофони муслимани. Официјален Пекинг тврди дека станува збора за исламски фундаментализам и дека екстремните Ујгури се поврзани со талибаните и други исламистички движење, во Пакистан, поради што е отворен дијалог со владата во Исламабад.

Сепак, во текот на изминатите шест месеци во Кина се одиграа неколку големи напади, поради што властите во Синџијанг во мај 2014 годинава воведоа режим на антитерористичка операција која ќе биде на сила до јуни 2015 година. Притоа, се наведува дека во изминатиот период безбедносните служби успеале да уништат повеќе од 30 терористички ќелии во автономниот регион.

Кина и претходно ги обвинуваше ујгурските сепаратисти и верските екстремисти за серија напади во покраината Синџијанг и тврди дека сакаат да формираат независна држава којашто ќе ја нарекуваат Источен Туркистан базирана на екстремните исламистички прописи. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ја потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација. Организациите за човекови права, пак, сметаат дека Пекинг ги предимензионира овие закани. Некои групи за заштита на човековите права, пак, тврдат дека Кина претерува со овие обвинувања, за да ја оправда својата политика на цврста рака.

Немирите досега не беа проширени надвор од покраината Синџианг, иако се претпоставува дека од 1997 година радикалните Ујгури се одговорни за бомбашки напади во кои се убиени повеќе стотици лица во некои слични такви напади.

Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општеството

Покраината Синџијанг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население Ујгурите, но во децениите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг, Ујгурите се помалку од половината од населението.

Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Уримкчи, загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетина лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија4 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ5 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет5 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет5 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет5 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет5 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија16 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ20 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија22 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија23 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура24 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 ден

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...