Економија
Анѓушев: Обезбедувањето квалитетен кадар е приоритет на Владата и стопанството
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, учествуваше на форумот „Предизвизиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила во модерното време“, кој се организира во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, кој го спроведува ЕПИ-центар во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на Стопански комори и МАСИТ, а е финансиски поддржан од УСАИД.
Анѓушев во своето воведно излагање пред присутните истакна дека Владата е силно посветена на економскиот развој на земјата и за таа цел се креирани низа комплементарни програми за поддршка на стопанството коишто даваат добри резултати, пришто дополни дека најзначаен предизвик на економијата во периодот кој следи е обезбедување квалитетен и соодветно обучен кадар за потребите на компаниите.
„Со посветена работа невработеноста е намалена на рекордно ниска стапка од 19,4%, со што ја пробивме бариерата од 20%, во позитивна смисла. Кога станува збор за дополнително намалување на невработеноста и обезбедување соодветен кадар за стопанството мора да кажеме дека станува збор за двоен предизвик. Од една страна станува збор за структурата на невработените: добар дел од нив се повозрасни лица над 52 години, дел од невработените немаат соодветно образование, односно поседуваат образование за коешто економијата нема реална потреба, додека дел од лицата имаат само основно образование. Од друга страна е иселувањето на младите, особено оние високоедуцирани кадри, во чиешто образование државата има инвестирано средства. Согледувајќи ја реалната ситуација, Владата презема соодветни активности и креира мерки за преквалификација и доквалификација, за потребите на компаниите и паралелно да се поттикнуваат домашните и странските инвеститори да отвораат нови работни места кои ќе бидат подобро платени и поатрактивни за младите едуцирани луѓе. Значи паралално работиме на тоа да ги подржиме компаниите да отвораат нови атрактивни работни места, како и на обезбедување поддршка за преквалификација на невработените за потребите на стопанството“, потенцираше Анѓушев.
Вицепремиерот подвлече дека со имплементација на Законот за финансиска поддршка на инвестициите се обезбедени услови за поинтензивен индустриски развој во земјата, а како резултат на оваа поддршка се отворени над 26.000 нови работни места во 2018 година, најголем дел во приватниот сектор, се реализираат нови 19 проекти на странски инвеститори, над 250 проекти на домашни компании поврзани со технолошкиот развој се поддржани преку мерките од планот за економски раст, нивото на странски инвестиции е на рекордни 624 милиони евра, додека забележан е и сериозен раст на индустриското производство.
„Обезбедувањето соодветен кадар за потребите на стопанството се прави на два начина, преку промена на образовниот процес и воведување на дуалното образование во средните стручни училишта и поттикнување на младите да студираат на технички факултети, пришто резултатите ќе дојдат за 5-6 години, како и со акутни мерки кои се брзи и динамични. Акутните мерки подразбираат преквалификација на постојната работна сила, на невработените кои немаат соодветни квалификации. За таа цел е креиран Оперативниот план за вработување, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, а за кој се обезбедени рекордни средства од 1,1 милијарда денари кои ќе се наменат за поттикнување на самовработувањето, преквалификации и обуки кај работодавачите и мерки за добивање на знаења и вештини за ИТ“, кажа Анѓушев.
Зборувајќи на панелот „Трендовите во работните односи и мотивите за останување во државата“, вицепремиерот соопшти дека и покрај рекордно ниската стапка на невработеност, сè уште како невработени се евидентирани над 105 илјади лица во земјата. Најголемиот дел од овие лица или околу 40 проценти се лица над 50 години, а дури 50 отсто од невработените се со основно или без образование, а околу 25 проценти од невработените се со завршено средно образование.
„Направена е анкета на 3.140 компании со 7 и повеќе вработени, кои во анкетата навеле дека во периодот од наредните 6-12 месеци би имале потреба од околу 18.400 нови вработувања. Анкетираните компании се само дел од сите кои работат во земјата, доколку се земат предвид и оние кои не се анкетирани, веројатно потребите на домашните компании би достигнале и до 30.000 нови вработувања. Ако се видат потребите од профили на кадри кои им се потребни на компаниите, ќе се увиди дека најбарани професии се машински инженер, градежен инженер, програмер, електротехничар, машински техничар, шивач, келнер, готвач, пекар, слаткар, заварувач, бравар, столар, чевлар, возач на товарно возило, автомеханичар, електричар за одржување и оператор на ЦНЦ-машини.
Не е предизвик отворањето нови работни места, поголем предизвик е како да се пополнат овие работни места. Токму затоа, дел од тие најбарани работни места би можеле да се пополнат преку преквалификација на активно невработените лица, со мерките од оперативниот план за вработување и паралелно треба се повеќе да ги стимулираме младите да посетуваат технички факултети, тоа се два процеси со кои ќе добиеме уште попозитивни резултати. Не смееме да го комерцијализираме образованието и да отвораме нови факултети, за младите да добијат дипломи кои потоа нема каде да ги применат, тоа мора да застане“, порача вицепремиерот Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

