Контакт

Економија

Бектеши им порача на граѓаните да внимаваат дали е лиценцирана агенцијата со којашто патуваат

Објавено пред

На што треба да обрнат внимание патниците пред склучување одреден туристички аранжман, кои се најчестите грешки на овој тип потрошувачи кои потоа се причина за претставки, кои се правата и обврските на патниците и како да ги оставарат беа дел од прашањата на кои министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, дадоа одговор на денешната прес-конференција, непосредно пред почетокот на сезоната на патувања.

dobivaj vesti na viber

„Од информациите кои секојдневно стигнуваат до нас како институција надлежна за туризмот, како основни проблеми кај патниците, т.е. потрошувачите се издиференцираа неинформираноста дека агенциите кои немаат лиценци не можат и не смеат да продаваат аранжмани, дека за секој аранжман треба да се склучи договор со избраната агенција, кој потоа овозможува сигурност за двете страни, како и невнимателно читање на направениот договор. Што се однесува, пак, до агенциите, со измените на законот за туристичка дејност, кој е во работна верзија, ќе се зајакнат условите за добивање лиценца, па очекуваме тоа да донесе подигање на нивото на услугите, намалување на бројот на незадоволни патници, а со тоа намалување на нелојалната конкуренција, во корист на агенциите кои работат професионално и согласно закон“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој објасни дека согласно актуелниот закон, постојат два вида лиценци, и тоа лиценца А – за агенции кои организираат патувања надвор од државата и можат да носат туристи во државата од други земји, додека лиценца Б добиваат агенции кои организираат патувања во рамки на државата, но може да продаваат аранжмани за агенции со лиценца А, како субагенти, при што треба да стои наведено која агенција со лиценца А е носител на аранжманот.

„Значи, прво правило при изборот на агенција е да се обрне внимание дали агенцијата е лиценцирана и кој е носител на аранжманот. Проверката може да ја направат во Регистарот на агенции на веб-страницата на Министерството за економија, а носителот на аранжманот треба да е назначен на самиот договор за патување. Кога сме кај договорот, тој треба да е во писмена форма и да ги содржи сите елементи од понудата, односно сето она што е ветено од страна на туристичкиот работник, во чиј прилог треба да биде ставена комплетната програма на патување“, објасни Бектеши.

Доколку, сепак, се случи неисполнување или некомплетно исполнување на обврските од страна на агенцијата, патникот треба да го пријави целиот случај до Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија. Инспекторатот по пријавата врши контрола и доколку се утврди пропуст, агенцијата ќе биде казнета, а доколку истата агенција ја повторува грешката, односно добие две казни за прекршоци, Министерството за економија носи решение за одземање на лиценцата за работа.

„Како орган за надзор на пазарот, а со цел превентивно да делуваме пред почнување на сезоната на патувања, ние последниве два месеца имавме низа работни средби со училиштата, поточно со одговорните за училишните екскурзии, потоа со коморите за туризам, како и со туристичките агенции, со цел да го намалиме бројот на претставки од страна на потрошувачите и да ги минимизираме проблемите во овој сегмент“, рече директорот на ДПИ, Пауновски. Тој нагласи дека од минатогодишните претставки од оваа проблематика, само уште 4-5 се во процес на решавање, додека сите останати се решени во полза на потрошувачите.

„Потрошувачите посебно да обрнат внимание на онлајн купувања бидејќи нам ни ја отежнуваат работата да реагираме при нанесена повреда на правото на потрошувачот, доколку платат аранжман без договор, без добиена програма на патување и без фискална сметка“, потенцираше Пауновски.

Задолжителна банкарска гаранција за агенциите кои ќе организираат патувања надвор од државата е меѓу новитетите во законските измени за туристичка дејност, а сè уште се дискутира околу нејзината висина, како и унифицирање на општите услови за патувања, преку правилник, бидејќи досега сите агенции сами ги пишуваа условите, па се случуваше и да се разликуваат. Праксата вели дека се случува агенција која добила една казна, за да избегне добивање на втора и одземање на лиценцата, да направи промена на правниот субјект и одново да побара лиценца. За таа цел, Министерството за економија планира воведување  забрана за вршење на дејност, доколку се забележат вакви аномалии кај агенциите, кои би биле регистрирани преку електронски систем, кој се очекува да биде целосно надграден следната година.

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот забележа силен пад

Објавено пред

Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.

Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.

Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.

Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија10 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија13 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија13 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија13 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет13 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија14 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија15 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија16 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија16 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија16 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет17 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет17 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет19 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет19 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет19 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет19 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа19 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...