Македонија
„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“
34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска станица пред хотелот „Континентал“. На терен секојдневно може да се забележи механизација како ги изведува градежните работи.
Исмаил Јаоски потврди за „Макфакс“ дека пред хотелот „Континентал“ се гради нова бензинска станица во сопственост на фирмата „Пуцко петрол“, но рече дека тој лично не е во бизнисот.
„Тоа е на синот. Јас излегов од фирмата пред 3-4 месеци“, рече Јаоски во краткиот одговор.

Исмаил Јаоски, градоначалник на Општина Пласница
На прашањето кога очекува да завршат градежните работи за новата бензинската станица, Јаоски рече дека најверојатно за најмногу два месеца. И во имотниот лист за парцелата на Агенцијата за катастар на недвижности пишува дека сопственик на градежното неизградено земјиште од 4074 квадратни метри пред хотелот „Континентал“ на улицата Беласица е фирмата „Пуцко петрол“.

Од Општина „Гази Баба“ потврдија за „Макфакс“ дека одобрението за градба на катастарската парцела 1232/22 на улицата Беласица е издадено лани, поточно на 25.07.2018 година, а правосилно станало на 16.08.2018 година.
„Земјиштето има чист имотен лист и приватна сопственост и врз основа на тоа е дадено и решение. Како е стекнат имотот, не е во надлежност на општина Гази Баба“, одговорија од Општината.
Од таму информираа дека во согласност со ГУП-от и Деталниот урбанистички план за таа четврт, одобрението за градба е дадено според планот донесен во 2012 година.

Катастарската парцела на која што ќе се гради новата бензинска станица
На релација од приближно 1,5 километри ова ќе биде трета бензинска станица по бензинските станици на „Макпетрол“ и „Луокил“ по должина на булеварот Александар Македонски.
Нафтената компанија „Пуцко петрол“ располага со десетина подружници, складови на нафтени деривати и бензиски пумпи во Прилеп, Кавадарци, Кичево и на неколку места во Скопје. Управител на фирмата е Божанка Грозданова.
Државните институции и јавни претпријатија во изминатите години постојано му доделуваат тендери на „Пуцко петрол“ за набавка на гориво, а оваа фирма изби меѓу првите според бројот на склучени договори за јавни набавки со државни органи.
Со гориво од „Пуцко петрол“ се снабдува ЕЛЕМ за износ од 93 илјади евра, како и Општина Струга во износ од 129 илјади евра. Тендери на „Пуцко птерол“ му доделиле и Акционерското друштво за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“, Царинската управа и други државни органи.
Фирмата на синот на Јаоски во 2018 го доби големиот тендер на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

