Регион
Шешељ: Пресудата за Караџиќ е скандалозна

Претседателот на Српската рдикална партија, Воислав Шешељ, изјави дека денешната правосилна пресуда за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, со која е осуден на доживотен затвор, е скандалозна и непрофесионална.
„Пресудата е скандалозна и го одржува континуитетот на најлошите традиции на трибуналот“, ијави Шешељ за руската агенција „Тасс“.
Додаде дека пресудата е заснована на лажни сведочења и наметнати факти и дека очигледно ја донеле некомпетентни луѓе без морал.
Меѓународниот суд во Хаг денеска правосилно го осуди Караџиќ на доживотен затвор за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Босна и Херцеговина.
Со првостепената пресуда во 2016 година тој беше осуден на 40 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.