Регион
Ќерката на Караџиќ: Пресудата е резултат на политички притисок
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/sonja.jpg)
Соња Караџиќ-Јовичевиќ, потпретседателка на Народното собрание на Република Српска и ќерка на Радован Караџиќ, изјави дека и 20 и 40 години затворска казна е доживотен затвор и дека пресудата за татко ѝ е резултат на политички притисок.
„Таквата пресуда очигледно е резултат на политички притисок и нема никаква врска со правото, правдата, фактите и доказите и тоа што во жалбената постапка го работеше адвокатскиот тим“, изјавила таа за РТРС.
Како успех на одбраната на Караџиќ го навела тоа што не е пресуден геноцид во седум општини.
„Се надевам дека кога тогаш вистината ќе излезе на виделина и дека овие народи, кога ќе дојдат до вистината во БиХ, конечно ќе може да се помират и да живеат нормално. До тогаш мислам дека тоа ќе биде сè потешко и потешко“, рекла Караџиќ-Јовичевиќ.
Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ), наследник на Хашкиот трибунал, го осуди Караџиќ на доживотна затворка казна. Караџиќ во 2016 година првостепено беше осуден на 40 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ: Нова влада од 20 март или предвремени избори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-062844.jpg)
Владата на Србија, доколку се формира, треба да се формира до 19 или 20 март, а ако не, тоа значи дека изборите најверојатно би се одржале на почетокот на мај, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Говорејќи за Радио телевизија на Србија (РТС) во четвртокот вечерта, тој истакна дека „оставката на владата и нејзиниот премиер Милош Вучевиќ треба да биде објавена најдоцна околу 17 февруари“.
Тој посочи дека тоа значи дека од 17 февруари ќе почнат да течат роковите од 30 дена за формирање влада или распишување избори, пренесува Анадолија.
Тој изјави дека тоа се две опции утврдени со Уставот и дека првенствено би било добро да се обиде да создаде „една добра влада“.
Тој рече дека ќе продолжи да инсистира на дијалог со студентите кои протестираат во српските градови по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Вучиќ рече и дека не му е грижа кој ќе учествува во дијалогот бидејќи „секој разговор е лековит“, додавајќи дека можат да разговараат со секого, пренесе Танјуг.
Регион
Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/prodavnici.jpg)
На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.
Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.
Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.
Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-192004.jpg)
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.