Спорт
Харден не може сам, Ембид ги реши Селтикси, Оклахома е во криза (Видео)

Кошаркарите на Оклахома го компромитираат учеството во плејофот откако доживеаја нов пораз, четврти во низа. Измината ноќ во НБА-лигата индивидуално го обележаа Џејмс Харден од Хјустон и Џоел Ембид од Флиладелфија.
Оклахома пред неколку недели беше трета на Западот, а по најновиот пораз, се наоѓа на осмото место и до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе води голема борба за пласман во плејофот.
Тандер, по продолжението, беше поразен од Торонто 114:123. Оклахома доживеа порази иако Расел Вестбрук одигра „страшен“ меч (42 поени, 11 скока, 6 асистенции). Пол Џорџ постигна само 19 поени, додека потфрли Стивен Адамс со четири поени.
Торонто ќе игра без првиот плејмејкер Кајл Лаури до крајот на сезоната, меѓутоа тоа не се почувствува на овој меч. Паскал Сијакам забележа 33 поени и 13 скока, а Каваи Ленард 22 поени, 10 скока и 6 асистенции.
Хјустон Рокетс падна во продолжението против Мемфис Гризлис 126:125. На франшизата од Тексас не им помогна ниту монструозната партија на Џејмс Харден (57 поени, 7 скока, 8 асистенции). Мемфис до победата ги предводеа Литванецот Јонас Валанчунас со 33 поени, 15 скока, односно Мајк Конли со 35 поени и 8 асистенции.
Филалделфија во финишот на сезоната влегува во посакуваниот ритам. Во дербито на Истокот, Фила славеше над Бостон Селтикс 118:115. Блескаше Камерунецот Џоел Ембид со 37 поени, 21 скок, 4 асистенции. Бостон ги предводеше Кајто Ирвинг со 36 поени и 9 скока.
Резултати:
Кливленд Кавалирс-Милвоки Бакс 107:102
Орладно Меџик-Њу Орлеанс Пеликанс 119:96
Филалделфија-Бостон Селтикс 118:115
Њујорк Никс-Јута Џез 116:137
Чикаго Булс-Вашингтон Визардс 126:120
Мемфис Гризлис-Хјустон Рокетс 126:125
Сан Антонио Спарс-Мајами Хит 105:110
Оклахома Тандер-Торонто Репторс 114:123
Портланд Трејлблејзерс-Далас Маверикс 126:118
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.
Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.
Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.
Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.
По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.
Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.
Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.
foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Интер со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0).
„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.
„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.
Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.
Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.
Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
Богати премии ќе добијат играчите на Црвена звезда ако се пласираат во ЛШ

Црвена звезда загуби од Пафос во Белград со 1:2 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Жоао Кореја и Пепе постигнаа голови за кипарскиот клуб, додека српскиот тим ја намали предноста со голот на Бруно Дуарте.
Српскиот шампион ќе има тешка задача во вторник во 21:00 часот на Кипар, каде што ќе се обиде да го надомести дефицитот и да се пласира во елитното клупско натпреварување.
Доколку успеат во ова, фудбалерите на Црвена звезда ќе добијат големи премии. Според информациите на „Спортклуб“, играчите на Звезда кои ги играат главните улоги ќе бидат наградени со по 100 илјади евра. Премиите наводно ќе се зголемат на 120.000 евра ако се квалификуваат во Лигата на шампионите без продолженија и пенали.
Доколку Црвена звезда испадне, ќе оди во главната фаза на Лигата на Европа, додека Пафос ќе игра во главната фаза на Лигата на шампионите.
Учеството во групната фаза на Лигата на шампионите носи многу пари. Црвена звезда минатата сезона освои шест бода во осум натпревари и го освои 29-то место во конкуренција на 36 клуба. Од УЕФА заработи 32 милиони евра, а тоа не ги вклучува парите што клубот ги заработил на натпреварите што ги одигра на домашен терен.
Во јули оваа година, генералниот директор на белградскиот клуб Звездан Терзиќ потврди дека настапот во Лигата на Европа ѝ носи на Црвена звезда околу 15 милиони евра, односно половина од она што го носи пласманот во Лигата на шампионите.