Економија
Меморандум меѓу МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија
Извршните директори на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и на Стопанската комора на северозападна Македонија, Анита Никова-Бундовски и Дриљон Исени, денеска потпишаа меморандум за соработка.
Двете комори во иднина ќе реализираат заеднички активностим кои вклучуваат: организирање настани, вмрежување компании, подигнување на јавната свест за одредени бизнис-прашања од заеднички интерес, размена на информации, како и изработка на стратегии за клучните процеси во македонската економија. Крајната цел е посилно да се слушне гласот на бизнисот и активно да се дејствува во насока на креирање поповолна клима за водење и почнување бизнис во Република Северна Македонија.
Една од првите заеднички активности на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и Стопанската комора на северозападна Македонија е анализа на потенцијалот на земјата за користење надворешни извори во бизнис-процеси кон странски пазари (BPO – business process outsourcing). Оваа анализа треба да покаже колку во земјата има висококвалификувани работна сила (правници, економисти, сметководители и друг тип профили), кои би можеле да даваат стручни услуги на странски пазари.
„Во сегментот надворешни извори во работењето во ИТ-услугите како земја сме добро етаблирани и пазарот е веќе сатуриран, но цениме дека има и други полиња, како сметководство, финансии, управување со човечки ресурси, консултантство и други, во кои нашите стручни кадри може да дадат сериозен придонес. Со оваа активност ќе се постигнат две придобивки: ќе поттикнеме отворање компании со висока додадена вредност и ќе овозмоиме вработувања на висококвалификувана работна сила“, објаснува Анита Никова-Бундовски, извршен директор на МАСИТ.
„Придобивките од надворешните извори во дел од бизнис-процесите ќе придонесе за компаниите да ги фокусираат и искористат нивните вештини и знаења во клучната бизнис-активност, со тоа што ќе придонесе да ја зголемат нивната ефикасност, чија крајна цел е постигнување поголема компетитивна предност. Од друга страна, развојот на секторот надворешни извори во работењето ќе има позитивен импакт и врз економијата, со тоа што ќе овозможува отворање нови работни места“, истакна Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

