Контакт

Црна хроника

Уапсени венецуелски офицери за 1,3 тони кокаин откриени во Париз

Објавено пред

Венецуелските власти уапсиле тројца функционери на Националната гарда поради сомневање дека се вмешани во криумчарњето ан 1,3 тони чист кокаин во вредност од 200 милиони евра, минатата седмица запленети во авиона на „Air France“ кој од Каракас летал за Париз, објави венецуелскиот државен обвинител.

dobivaj vesti na viber

Оваа заплена дојде во време кога САД повторно ја обвинија Венецуела дека не вложува доволно во борбата против трговијата со наркотици, особено на кокаинот кој доаѓа од соседната Колумбија, коишто завршуваат на западните пазари.

Државното обвинителство на Венецуела кривично гони двајца наредници и натпоручник, но не откри детали на кои се темели обвинението. Додаде само дека во Франција претходно минатата седмица се уапсени за истиот случај тројца Италијанци и тројца Британци.

Дрогата била сокриена во багажот, во триесет сандаци, кој не му припаѓал на ниеден од патниците чијашто крајна дестинација бил меѓународниот париски аеродром „Шарл Дегол“.

Францускиот министер за внатрешни работи, Мануел Валс изјави дека дрогата е проценета на 50 милиони евра, меѓутоа со препродажба на црнито пазар би можела да достигне вредност и до 200 милиони евра.

На конференцијата за медиумите во саботата навечер во канцеларијата на централното биро за сузбивање на криумчарењето на наркотици во француското гратче Нантер во близина на Париз, францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс им честиташе на истражните органи на оваа заплена, најголемата досега во Франција.

Според властите на Венецуела, станува збор за истрага којашто траеле неколку седмици во соработка со француската, шпанската, британската и холандската полиција, операција којашто овозможила во петокот да бидат запленети 1.300 килограми висококвалитетен чист кокаин.

Воздухопловната компанија „Air France“ соопшти дека води истрага како дрогата била внесена во авионот, како и дека се подобрени мерките за да се зголеми контролата на багажот и стоките на влезот од одредени „чувствителни“ дестинации.

САД повеќе до една деценија ја обвинуваат Венецуела дека „замижува“ пред криумчарењето дроги. Белата куца претходно во септември во годишниот извештај забележа дека Венецуела, покрај Боливија и Мијанмар, не сторила позначителни напори изминатите 12 месеци за да ги исполни обврските преземени со меѓународниот договор за сузбивање на злоупотребите на дрогите.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој го замени на власта покојниот Хуго Чавез, овие критики ги квалификуваше како политички мотивирани. Тој тврди дека контролата врз и соработката во борбата против наркотиците всушност е подобрена, особено откако во 20005 година претседателот Чавез ги исфрли од Венецуела американските агенти за сузбивање на наркотиците./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Охриѓанка го натепала сопругот

Објавено пред

Охриѓанка е пријавена во полиција поради семејно насилство, откако вчера попладне физички насрнала врз својот сопруг. Инцидентот се случил во нивниот заеднички семеен дом во Охрид.

dobivaj vesti na viber

СВР Охрид работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна законска пријава.

„На 29.11.2025 година во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.Ц. од Охрид, во семејниот дом, физички го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Фатен шверцер на мигранти

Објавено пред

Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

dobivaj vesti na viber

Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово.

При контролата во возилото биле забележани лица кои при легитимирање немале никакви документи за идентификација. Во разговор со возачот, тој посочил дека требало да ги превезе лицата од Гевгелија до Куманово. Во возилото се превезувале седум лица, сите по нивен исказ државјани на Египет, на возраст од 17 до 52 години.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Поради алкохол и пребрзо возење лишени од слобода тројца возачи

Објавено пред

Полициските службеници во изминатите два дена лишија од слобода тројца возачи во Македонска Каменица, Кратово и Куманово поради сериозни прекршоци во сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, вчера околу 23 часот полицијата го привела Д.Ј. (54) откако управувал возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Измерени му биле 2,00 промили алкохол во крвта.

Неколку часа подоцна, однсно ноќеска во 1:59 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кратово, лишен од слобода е Д.К. (25) кој управувал „Ауди“ со кочански регистарски ознаки. Тестирањето покажало присуство од 1,72 промили алкохол.

Во Куманово, на регионалниот пат кај селото Доброшане, вчера во 14:10 часот, полицијата го привела И.М. (45) кој управувал „Мицубиши“ со брзина од 91 километар на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 40 километри на час.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија15 часа

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија17 часа

Скопје утрово се разбуди со температури под нулата

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови –...

Македонија19 часа

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија1 ден

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија1 ден

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија1 ден

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа2 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа2 дена

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...

Свет2 дена

Трамп му ги предава окупираните украински територии на Путин, пишува Телеграф

САД наводно се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и другите окупирани украински територии со цел да се...

Македонија2 дена

Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“

По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На...

Економија2 дена

Од 1 декември поскапува парното: сметките повисоки за околу 130 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека од 1 декември цената...

Македонија3 дена

Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната...

Топ3 дена

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К....

Македонија3 дена

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ3 дена

Струмичанецот што со шприц сакаше насилно да ѝ вшприца на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...