Спорт
Летање на Планица! Ајзенбихлер, конечно, до деби-победа (видео)

Светскиот шампион Маркус Ајзенбихлер го совлада новокрунисаниот шампион од Светскиот куп, Рјоју Кобајаши, на легендарната леталница во Планица, Словенија, за свој прв триумф во СК.
Пред викендот Кобајаши веќе ја имаше обезбедено титулата од СК заедно со новогодишната турнеја „4 скокалници“, но ќе се обиде да го освои и мини турнирот „Планица 7“ и почна фантастично со 242 метра за 229,1 поени по првиот скок.
Меѓутоа, во втората сесија тој се мачеше со лошите временски услови и скокот од 220 метри беше доволен само за второ место зад Ајзенбихлер, кој по првите 238,5 метри, додаде 233 метри за прва победа. Полјакот Пјотр Жила беше трет со 242 и 234 метри пред домашните фаворити Тими Зајц и Домен Превц.
Ајзенбихлер е првиот Германец со победа во Светскиот куп по Зеверин Фројнд во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Денвер нема намера да се откаже од Валанчунас

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ.
Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат.
Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како резерва за најдобриот играч Никола Јокиќ. Иако
Литванецот, од вчера е во Атина, имал контакти со луѓе од Панатинаикос, но трансферот во моментов е на чекање.
Причината? Сè е дел од веќе договорената размена, Дарио Шариќ оди во Сакраменто, а Валанчунас во Колорадо.
Откако размената ќе стане официјална во недела, 6 јули, Нагетс планираат да го активираат неговиот договор и да го задржат во тимот.
„Нагетс се решени да го задржат Валанчунас како резервен центар на Јокиќ, и покрај понудата на Панатинаикос“, нагласи Штајн.
Валанчунас, ако остане во Денвер следната сезона ќе заработи 10,4 милиони долари, односно кога ќе ги плати сите даноци, ќе му останат 4,2 милиони долари. Панатинаикос од друга страна му понуди три годишен договор, вреден 12 милиони долари (четири милиони долари по сезона).
Foto/ EPA-EFE/CJ GUNTHER
Спорт
Виера го блокирал трансферот на Варди во Џенова

Тренерот на Џенова, Патрик Виеира, не го сака ветеранот Џејми Варди во својот тим. Иако италијанските медиуми објавија дека клубот и напаѓачот постигнале договор, Виера го стопиал трансферот.
Според „Ла Република“, Варди бил блиску до преселба во Џенова откако неговиот договор со Лестер истече на крајот на јуни. И покрај ова, Виеира не бил убеден дека тоа е добра идеја поради што решил да го блокира трансферот.
Медиумите наведуваат дека спортскиот директор на Џенова, Флавио Ричардела, ги водел преговорите со напаѓачот, а договорот со спонзорот да ја преземе платата веќе бил постигнат.
Но, и покрај постигнатиот договор, Виеира ставил вето на трансферот.
Варди, кој беше дел од легендарната генерација на Лестер која во 2015/16 ја освои Премиер лигата, сега, според достапните информации е блиску до трансфер во шкотски Ренџерс.
Foto/ EPA-EFE/ANDY RAIN
Спорт
Галатасарај му нуди богат договор на Свилар

Миле Свилар е официјално најдобриот голман на италијанската Серија А за сезоната 2024/2025. Но, и покрај ова, Рома сè уште не му понудила нов договор.
Во Рим се уште размислуваат дали да му понудат нов договор, што на крајот може скапо да го чини клубот. Галатасарај, кој бара замена за долгогодишниот голман и капитен Фернандо Муслера, реши да ја искористи оваа неодлучност на челниците на римската „волчица“.
Како што објави римската „Република“, турскиот шампион излезе со понуда за српскиот голман, која е тешко да се одбие.
Имено, Галата му нуди на Свилар нето плата од 6.000.000 евра по сезона. За споредба, според актуелниот договор што го има со Рома, Свилар заработува „само“ 3.000.000 евра годишно.
Одлуката на Свилар сè уште е непозната, но со оглед на условите и амбициите што ги има Галата на сите фронтови, тој многу лесно би можел да одлучи да се пресели на Босфорот.
Доколку тој каже „да“, тогаш треба да се договороат клубовите, бидејќи неговиот договор со Рома е сè уште активен до 2027 година.
Foto/ EPA-EFE/FABIO FRUSTACI