Спорт
Англичаните и Французите без мака до убедливи победи, Португалија и ЦР7 без муниција со Украина (видео)
Англија и Франција имаа совршен старт на квалификациите за Европското првенство следната година со убедливи победи, додека Португалија, повторно со Кристијано Роналдо во составот, не успеа да ја совалда цврстата Украина во реми без голови.
Англичаните, освојувачите на четвртото место на минатогодишното СП, на „Вембли“ ја „демонтираа“ Чешка со 5:0, предводени со хет-трикот на Рахим Стерлинг и голот од пенал на Хери Кејн.
Франција пак, имаше уште полесна задача, откако на гостувањето во Молдавија во полн состав го решија победникот во првите 36 минути за 4:1 победа. Антоан Гризман, Рафаел Варан и Оливие Жиру погодија во првото полувреме, додека Килијан Мбапе стрелаше во второто за светските шампиони со победа да ги стартуваат квалификациите во групата во која немаат вистински ривал (покрај Молдавија, тука се и Турција, Албанија, Исланд и Андора).
Португалците на „Естадио да луж“ ги почнаа квалификациите за турнирот на кој ќе ја бранат титулата освоена во 2016 година, и против себе го имаа својот најголем ривал во групата Б – одличната Украина под Андриј Шевченко. Кристијано Роналдо ја прекина паузата од настапите за националниот дрес, но тоа не беше доволно да се победи Украина и на крајот мечот заврши 0:0.
ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Англија – Чешка Република 5:0
Бугарија – Црна Гора 1:1
ГРУПА Б
Луксембург – Литванија 2:1
Португалија – Украина 0:0
ГРУПА Х
Албанија – Турција 0:2
Андора – Исланд 0:2
Молдавија – Франција 1:4
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона го отпушти Пењароа
Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.
Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.
Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.
„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.
Спорт
ФИФА ги менува правилата за ждрепката за Светското првенство
Светската фудбалска федерација (ФИФА) би можела изврши промени во системот на одредување на „шеширите“ за Светското првенство во 2026 година.
Промената би се однесувала на позициите во ждрепката што ги заземаат екипите од дополнителните квалификации.
Кога станува збор за Светското првенство во 2022 година, екипите од дополнителните квалификации автоматски беа сместени во четвртиот шешир, без оглед на нивните коефициенти.
Причината за ова е што во времето на ждрепката не беа одиграни дополнителни квалификациски натпревари.
Истото ќе се случи и овој пат бидејќи ждрепката се одржува во декември, додека дополнителните квалификациски натпревари се играат во март.
Сепак, ФИФА подготвува промена според која репрезентациите од дополнителните квалификации повеќе нема да одат во последниот шешир, туку ќе бидат сместени во шеширот што според коефициентот ѝ припаѓа на најдобрата репрезентација од нивниот пат во дополнителните квалификации.
🚨 BREAKING!
💥 We have strong indication that FIFA will CHANGE the seeding principle for teams that will qualify for WC 2026 via Play-offs!
🔙 At WC 2022 in Qatar, all PO teams were automatically placed into Pot 4, regardless of their FIFA pts.
🆕 But for WC 2026, FIFA is… pic.twitter.com/tcRsk9DOwK
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 9, 2025
Спорт
Интер и се приклучи на Рома на врвот во Серија А
Фудбалерите на Интер го победија Лацио со 2:0 (1:0) во последниот натпревар од 11-то коло на италијанската Серија А.
Со овој триумф, „неро-азурите“ се вратија на врвот на табелата, односно го делат првото место со Рома, која исто така има 24 освоени бода.
„Небесно сините“ останаа на деветтата позиција со 15 бода.
Лаутаро Мартинез го насочи натпреварот на „Џузепе Меаци“ во насока на победа за домашниот тим со гол во третата минута.
Лацио имаа свои шанси да се вратата во натпреварот, не ги искористија, па Бони ја обезбеди победата на Интер во 62-та минута.
Интер од првото место оди на репрезентативна пауза и го чека „Дерби дела Мадонина“ против Милан што ќе се одигра на 23 ноември.
Серија А, 11. коло:
недела:
Аталанта – Сасуоло 0:3 (0:1)
Берарди 29п, 66, Пинамонти 47
Болоња – Наполи 2:0 (0:0)
Далинга 50, Лукуми
Џенова – Фиорентина 2:2 (1:1)
Остигард 15, Коломбо 60 – Гудмундсон 20, Пиколи 57
Рома – Удинезе 2:0 (1:0)
Пелегрини 42п, Челик 61
Интер – Лацио 2:0 (1:0)
Мартинез 3, Бони 62
петок:
Пиза – Кремонезе 1:0 (0:0)
Тури 75
сабота:
Парма – Милан 2:2 (1:2)
Бернабе 45+1, Дел Прато 62 – Салемакерс 12, Леао 25
Комо – Каљари 0:0
Лече – Верона 0:0
Јувентус – Торино 0:0

