Црна хроника
Три пожари во еден ден

На местото викано “Дворишка река“ атар на с.Двориште-беровско, вчера настанал пожар, кој зафатил ниско стеблеста шума и сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.
Синоќа било пријавено дека над с.Љуботен-скопско настанал пожар, при што гореле дрвја и околу три хектари сува трева. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита и локалните жители пожарот бил изгаснат.
Исто така синоќа во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека настанал пожар во с.Скудриње на место викано “Вејзина нива“ при што горело ниско стеблеста шума и дрвја. Пожарот бил локализиран од страна на Противпожарна единица-Дебар во содејство со вработени од Национален Парк -Маврово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
53-годишен пешак од Украина загина кај граничниот премин Долно Блаце

22-годишната Б.С. од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина, кој подоцна им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце кога 22 годишната девојка удрила во 53-годишниот Украинец.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница. За жал, во 20:20 часот лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните околности на трагедијата.
Б.С., исто така се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен штипјанец кој „летал“ со 252 км/ч или двојно повеќе од дозволеното

36-годишниот Г.Ј. од Штип вчера беше приведен од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија откако на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково возел со неверојатни 252 километри на час.
Како што информира МВР, возачот управувал патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски таблички, и тоа на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 21:40 часот во Битола, соопшти СВР Битола.
Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л. од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал.
Полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот, а за случајот е известено и Јавното обвинителство.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Битола.