Свет
Советникот на саудискиот принц не е меѓу обвинетите за убиството на Кашоги
Советникот на принцот Мохамед бин Салман, кој е обвинет поради поврзаност со убиството на новинарот Џамал Кашоги, не е меѓу 11 осомничени за убиството на тајно судење во Ријад, иако Саудијците ветија дека ќе ги приведат одговорните за извршеното дело, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.
Саудискиот јавен обвинител обвини 11 неименувани осомничени лица во ноември, вклучително петмина кои би можеле да бидат осудени на смртна казна поради наредба и извршување на злосторството.
ЦИА и некои западни служби веруваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го наредил убиството, додека Саудиска Арабија негира.
Сауд ал-Катани, поранешен близок соработник на престолонаследникот, не е обвинет и не бил присутен на судењето кое почна во март, изјавиле за Ројтерс, седум извори, запознаени со судењето.
Два регионални извори од тајните служби рекле за Ројтерс неколку недели по убиството, дека Катани го надгледувал убиството на Кашоги и давал наредби преку Скајп на тимот за безбедност и разузнавачките оперативци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Унгарија бара обелоденување на американското финансирање на невладините организации и некои медиуми
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија ќе бара објавување на сите пари испратени од САД до невладините организации и медиумите кои ја критикуваат неговата влада.
Тој нагласи дека треба да биде јасно кој добива пари од САД, бидејќи, како што тврди, овие организации работат против унгарската влада, пренесе Ројтерс. Тој исто така рече дека средствата што доаѓаат од програмата на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) мора да бидат транспарентни.
Орбан изјави дека сегашниот американски закон, според кој САД ја поврзува помошта со својата надворешна политика, им дозволува на странските организации да влијаат на унгарската политика.
Исто така, Унгарија минатата година донесе закон со кој се забранува странско финансирање на политички организации, а ЕУ и другите меѓународни организации го критикуваа овој закон.
УСАИД е основана во 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот, со мисии во повеќе од 100 земји, пред се во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Источна Европа.
Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД, откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот со цел да го намали бројот на вработени во агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп „Америка на прво место“.
Тој, исто така, ги обвини УСАИД и други агенции дека украле милијарди долари за да создадат лажни афирмативни вести за Демократската партија.
Регион
Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни
Грчките власти се во подготвеност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Уште еднаш, сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот, додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе Ројтерс.
Тој изрази надеж дека оваа појава брзо ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.
Свет
Пукање во Брисел, едно лице загина
Еден маж е убиен синоќа во нова престрелка за шверц на дрога во Брисел, соопштија локалните власти.
Ова е трето пукање од средата наутро во општината Андерлехт, каде властите знаат за неколку места каде се продава дрога.
Градоначалникот на општината Фабрис Кампс изјави дека станува збор за „војна на бандите за контрола на територијата“.
Тој апелираше да се зголеми присуството на полицијата.
Според првите информации од локалните медиуми, новото пукање се поврзува со слични инциденти во последните два дена недалеку од метро станицата Клемансо.