Свет
Јорданскиот крал го откажа патувањето во Романија поради спорот за Ерусалим
Јорданскиот крал Абдула Втори ја откажа посетата на Романија кога нејзиниот премиер вети дека ќе ја премести амбасадата на својата земја во Израел од Тел Авив во Ерусалим, соопшти неговата канцеларија, пренесува „Франс 24“.
Кралот одлучи да ја откаже својата посета на Романија, која требаше да почне денеска во знак на солидарност со Ерусалим по објавата на премиерот Виорика Данцила. Ветувањето на Данцила, дадено во неделата на годишната конференција на произраелското лоби АИПАК во Вашингтон, е спротивно на ставот на ЕУ и на романскиот претседател.
„Јас како премиер на Романија и владата со која управувам, ќе ја преместиме нашата амбасада во Ерусалим“, рече Данцила, чија земја претседава со ЕУ.
Овој потег ќе ја стави Романија на иста линија со САД, која минатата година ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим предизвикувајќи меѓународни критики и гнев кај Палестинците и Арапите.
Меѓународниот консензус смета дека статусот на Ерусалим – едно од најтешките прашања на израелско-палестинскиот конфликт – првин мора да се реши со преговори меѓу двете страни.
Кралот Абдула, чија земја е чувар на исламските свети места во Ерусалим, континуирано нагласува дека прашањето за Ерусалим е клучно за постигнување мир меѓу Израел и Палестинците. Единствениот начин да го стори тоа, според него, е создавање палестинска држава во спорниот свет град заедно со Израел.
Минатата недела тој го нарече Ерусалим црвена линија за Јордан, а парламентот на Јордн препорача владата да го протера израелскиот амбасадор како одговор на израелската агресија на светите места во градот.
Јордан е единствената арапска земја покрај Египет која има мировен договор со Израел. Но, на договорот се спротивставуваат Јорданците, од кои повеќе од половина се од палестинско потекло.
Израел го смета целиот Ерусалим како свој главен град, а Палестинците го сметаат источниот сектор анектиран од Израел како главен град на нивната идна држава.
Центристичкиот претседател на Романија, Клаус Јоханис, се спротивстави на преместувањето на амбасадата нарекувајќи го прекршување на меѓународното право. Тој рече дека во секој случај таквата смена ќе бара претседателско одобрување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

