Естрада
Почина Скот Вoкер, еден од најголемите музички револуционери

Музичарот Скот Вокер, најпознат како фронтмен на групата The Walker Brothers, која беше познат во 60-тите години на минатиот век, почина на 77-годишна возраст во понеделникот утрото, според Би-би-си.
Несреќната вест беше потврдена од неговиот издавач „4Д“, кој го нарече еден од најголемите иноватори на креативна музика.
It is with great sadness that we announce the death of Scott Walker. Scott was 76 years old and is survived by his daughter, Lee, his granddaughter, Emmi-Lee, and his partner Beverly: https://t.co/awaFXWOkja pic.twitter.com/nd6MYVmWaO
— 4AD (@4AD_Official) March 25, 2019
Некои од попопуларните песни што ги испеа се The Sun Ain’t Gonna Shine Anymore и Joanna. Тој исто така имаше големо влијание врз многу музичари како Дејвид Боуви, кој го доживуваше како идол.
Скот не ја сакаше премногу славата, а освен со бендот, тој имаше и соло кариера, иако не толку успешна. Работел со многубројни изведувачи, како Pulp, Bat for Lashes и Ute Lemper.
Освен во музиката, тој исто така се обиде и во актерството. Имаше улоги во неколку филмови, од кои еден е за него со наслов Scott Walker: 30 Century Man.
Неговото последно дело е музиката компонирана за филмот со Натали Портман – Vox Lux.
„Го сретнав еднаш во Мелтдаун, толку љубезен. Ќе недостига“, напиша музичарот Том Јорк (50).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.
Естрада
Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.
Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.
„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.
„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“
Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“
Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.
Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.
„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“
Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.
Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.