Свет
Јужнокорејската комисија потврди дека експерименталната електрана предизвикала катастрофален земјотрес
Јужнокорејската комисија заклучи дека нивната експериментална геотермална електрана, најверојатно, предизвикала земјотрес со јачина од 5,4 степени, што го погоди Поханг на 15 ноември 2017 година, пишува угледниот магазин „Нејчр“.
Комисијата ги објави своите наоди на 20 март.
Класичната геотермална електрана е како и секоја друга електрана, освен што пареата не е произведена од согорување на фосилните горива или други, туку е испумпана од земјата. Сепак, за разлика од конвенционалните геотермални постројки, кои енергијата ја извлекуваат директно од жешки подземни извори, електраната во Поханг ја вшприцала течноста под висок притисок во земјата и со тоа постигнала висока температура. Всушност, притоа се користела технологија позната како напреден геотермален систем (ЕЕЗ).
Меѓутоа, поради гореспоменатиот притисок, се појавила серија мали ситни земјотреси, кои предизвикале голем земјотрес во 2017 година.
Горенаведениот земјотрес беше втор најсилен и најразорен во модерната историја на земјата. Имаше повредени 135 лица, а вкупната штета изнесуваше околу 290 милиони долари.
Јужнокорејското Министерство за трговија, индустрија и енергетика, кое ги обезбеди средствата за експерименталната постројка, во соопштението вели дека ги прифаќа наодите на комисијата и дека изразува длабоко жалење до граѓаните на Поханг, чиј имот беше оштетен во земјотресот.
Министерството соопшти дека ќе ја демонтираат електраната, ќе го вратат градилиштето во првобитната состојба и ќе инвестираар околу 225 милиони долари за поправка на инфраструктурата на најтешко погодените области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

