Свет
Италијанската „Википедија“ недостапна во знак на протест против најавениот закон за авторски права во ЕУ
Италијанскиот разгранок на „Википедија“ денес беше пријавен како недостапен за корисниците на интернет во знак на протест на неговите автори и соработници против предложената реформа на регулативата на ЕУ во врска со законот за авторски права на интернет, пренесува „Спутник“.
„Ова е можеби нашата последна шанса. Помогнете ни да ги зачуваме авторските права во Европа“, е прикажано на црн банер, кој се појавува ако се обидете даја отворите италијанската верзија на „Википедија“.
На 26 март Парламентот на ЕУ ќе спроведе гласање за новата регулатива за авторски права. Предложените директиви, член 11 и член 13, наводно, ги ограничуваат правата на интернет-корисниците и креаторите вклучувајќи ги и оние што придонесуваат за „Википедија“, тврдат италијанските администратори на „Википедија“.
Протестот доаѓа еден ден пред Европскиот парламент да гласа за член 11 и член 13 – регулатива што, наводно, ги ограничува правата на онлајн-креаторите на интернет преку построги правила за авторски права.
Според членовите на италијанската „Википедија“, членот 11 им овозможува на издавачите да ги ограничуваат вестите и ширењето на насловите на веб-страниците што ги поседуваат други корисници, а членот 13 ќе овозможи автоматско блокирање на соработниците ако не бидат прифатени од претставници на индустријата за авторски права.
Италија не е единствената земја членка на ЕУ што го покажа својот бес кон реформите за авторски права предложени од Брисел. На 23 март германскиот медиум ДПА објави дека десетици илјади луѓе се собираат за масовни митинзи против планираните промени во законот на ЕУ во многубројни германски градови.
Италијанската „Википедија“ беше лансирана во 2001 година, а првите објавени статии беа за Данте, Петрарка и други писатели на класичната литература.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

