Македонија
14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов
Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ пишува дека вредноста на спорот е 900 илјади денари или приближно 14,5 илјади евра. Толкав износ побарува тужителот, универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчкоски, од поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.
„Макфакс“ дознава дека решението на скопска „двојка“ го обжалиле адвокатите на Стојан Андов пред Апелациониот суд во Скопје.
Привремената мерка на првостепениот суд стапила во сила на 11 март 2019 година, а важи до правосилно завршување на постапката за утврдување одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета.
Адвокатот на Фрчкоски на рочиштето изјавил дека книгата на Андов изобилува со клеветнички факти, неосновани, непоткрепени и целосно бесмислени, тешки обвинувања за тужителот со намера да му се нанесе штета на неговиот углед, без притоа да се направи процена за последиците што содржината и пораката на оваа книга ќе ги предизвикаат во јавноста и за неговото семејство.

„Содржината на книгата и наводите изнесени во неа содржат сериозни обвинувања за тужителот дека е сторител на повеќе кривични дела, дека е организатор и извршител на атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, дека е убиец и низа други кривични дела“, пишува во решението на судијата Нухи Рустеми и двајцата поротници.
Адвокатот на Андов, пак, посочил дека наводите се изнесени во книжевно дело, каде што тужениот имал основана причина да поверува во нивната вистинитост бидејќи станува збор за носител на јавна функција и е од јавен интерес. „Повеќето од клеветничките изјави се изјави на други луѓе и јавно објавени, а се однесуваат на наводите во врска со атентатот на тогашниот претседател Киро Глигоров“, изјавил адвокатот на Андов на рочиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

