Спорт
Во Ферари очекуваат резултати во Бахреин по „корекциите“ на болидот

Во тимот на Ферари очекуваат многу подобра трка во Бахреин овој викенд, откако направија „корекции“ на болидот по разочарувачката прва трка од сезоната во Австралија.
Откако беа доминантни на зимското тестирање, се сметаше дека Ферари е фаворит за победа во Мелбурн, но на првата трка дојде големото разочарување. Себастијан Фетел беше речиси седум десетинки зад Луис Хамилтон во квалификациите, и беше поминат од Макс Ферстапен во Ред бул Хонда и заврши далеку на четвртото место пред колегата Шарл Леклер, и двајцата имаа над минута заостанување зад победникот Валтери Ботас.
Шефот на тимот, Матија Биното, вели дека очекува многу повеќе од СФ90 болидот, кој не го покажал „вистинскиот потенцијал“.
„Бахреин е само втора трка од долгата и тешка сезона. Патеката ’Сакир’ е многу поразлична од таа во Австралија и како тим сме сигурни дека ги разбравме и ги поправивме слабостите од Австралија и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на болидот. Во Бахреин очекуваме да го видиме ефектот од направените корекции“, вели Биното.
Фетел, пак, претходно инсистираше дека проблемите во Мелбурн биле поради сетапот на болидот, а не поради некој клучен проблем на болидот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.