Македонија
„Различни, а сепак исти“ – во Прилеп одбележан Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија
Со делење летоци, книги, виолетови маички и балони за најмладите, волонтерите од здружението „Епилепсија Македонија“, учениците од основните и средите училишта, денеска, под мотото „Различни, а сепак исти“, на плоштадот Методија Андонов Ченто го одбележаа 26 Март, Меѓународниот ден за поддршка на лицата со епилепсија, познат како Виолетов ден. Целта на кампањата што ја спроведува здружението „Епилепсија Македонија“, поддржана од Општина Прилеп, е подигање на јавната свест, за видот и карактерот на ваквите и слични болести со кои се соочуваат овие целни групи и нивна полесна инклузија во заедницата.
„Мислам дека нашето општество и ние како локална самоуправа даваме максимална подршка на сите оние што го подржуваат здружението „Епилепсија Македонија“, кои со својата работа на секој начин придонесуваат за поголема интеграција на оваа категорија граѓани во нашата зедница. Луѓето треба да се едуцираат секојдневно, а доколку се најдат во ситуација со лице заболено од епилепсија да знаат и како да му помогнат. Како локална власт и понатаму посветено ќе работиме во насока на создавање и осовременување на условите во социјалната сфера, кои во значителна мера ќе го олеснат животот на оваа категорија граѓани. Доволно долго живееме во општество стигматизирано од недоволна едукација за ваквите и слични болести со кои се соочуваат овие лица“, истакна градоначалникот Јованоски.
„Сакам да им се заблагодарам на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски затоа што нè поддржува во сите проекти и овозможува реализација на денешниот ден и апелирам до сите граѓани да ги поддржат несебично сите лица со епилепсија затоа што тие се исти како и сите други граѓани“, вели Илија Биноски, волонтер во здружението „Епилепсија Македонија“.
Виолетовиот ден е посветен на напорите за зголемување на свеста за еплипесијата во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

