Македонија
Отворен првиот контакт-центар за глуви и наглуви
 
																								
												
												
											Денеска почна со работа првиот контакт-центар за глуви и наглуви лица кој е дел од програмата на Сојузот на глувите и наглувите лица финансирана од државата. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето обраќање истакна дека поддршката што глувите и наглувите лица ќе ја добиваат од толкувачи на знаковен јазик преку мобилна апликација ќе значи многу за нивното секојдевно функционирање. Контакт-центарот во кој сега се ангажирани двајца толкувачи ќе работи од понеделник до петок, од 8 до 18 часот.
„Оваа иницијатива особено ме радува поради тоа што како Влада кога ги разгледавме сите активности на овие сојузи што за разни лица со попреченост ги спроведуваат, видовме дека со години се финасирале едни исти активности од страна на државата, но малку давале за квалитетот на живеење на лицата со попречености. Предизвикот што го поставивме пред сојузите беше: ве молиме, ќе ги зголемиме финасиските средства, но дајте програми, дајте развојни концепти што ќе го подобрат животот на лицата со попречености. Ме радува што Сојузот на глувите и наглувите го прифати тој предизвик. Оваа година во нивната програма финасирана од игрите на среќа директно развиваме услуга што ќе го олесни пристапот до толкувачи на глувите и наглувите лица“, рече министерката Царовска.
Министерството за труд и социјална политика програмските активности на Сојузот на глувите и наглувите го поддржува со 10.692.000,00 денари. Освен за контакт-центарот и за други активности, дел од средствата ќе биде искористен и за формирање фолклорно здружение на глуви и наглуви лица во соработка со Националниот ансамбл „Танец“ и културно-уметничкото друштво „Владо Тасевски“. Целта на ова фолклорно здружение е глувите и наглувите лица да имаат можност за изучување традиционални ора, што ќе го поттикне нивното поактивно вклучување во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
(Видео) Минчев: Во недела масовно за бројот два, за Максим Димитриевски во Куманово, за Мирослав Лабудовиќ во Центар и Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје
 
														Со повик за масовна излезеност на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи задутре Движењето ЗНАМ – за наша Македонија ја заокружува својата изборна кампања што завршува вечерва на полноќ. Повикот го упати генералниот секретар на Движењето ЗНАМ Горан Минчев и до граѓаните и до симпатизерите и поддржувачите на ЗНАМ.
„Во недела, на 2 ноември, Ве повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ: излезете масовно и покажете ја вашата енергија, довербата и вербата во нашата визија. Да гласаме за број 2, за Максим Димитриевски во Куманово, број 2 за Мирослав Лабудовиќ во Центар и за број 9 за Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје и за сите кандидати на нашите владини партнери каде што нашата заедничка поддршка носи промена. Ве повикувам сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или верска припадност: да излеземе заедно и да гласаме за визија, за работа и за систем.
Да гласаме за иднина во која младите остануваат, семејствата живеат достоинствено, а државата функционира како дом за сите“, повика Минчев.
Тој искажа задоволство од резултатите што Движењето ЗНАМ ги постигна во првиот круг а кои, вели, дефинитивно ја потврдија стабилизацијата на гласачкото тели и станаа вистински показател дека политиките што ги водат се во вистинска насока. Истовремено се заблагодари и на коалициските партнери во власта – ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ.
„Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика, која наидува на сè поголема поддршка низ целата држава. Посебна благодарност упатувам и до пријателите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја препознаа нашата искреност и визија, и застанаа рамо до рамо со нас. Ви благодарам за политичката зрелост и за поддршката во оваа заедничка борба за достоинствена, силна и обединета држава. Исто така, искрена благодарност до коалицијата ВРЕДИ, за поддршката и вербата дека само преку заедништво можеме да градиме држава во која има место за сите“, рече генералниот секретар на Движењето ЗНАМ.
Но, потенцираше Минчев, највредното од оваа кампања се средбите очи в очи со граѓаните. „Отворените врати, искрените насмевки и топлото добредојде што не пречека и што секојдневно го чувствувавме беше нашата најголема мотивација да истраеме и да покажеме што значи да се работи за народот и за државата“, порача Минчев, упатувајќи и посебна благодарност до активистите на Движењето ЗНАМ за несебичната пожртвуваност и поддршка и доверба во текот на сите пет недели од кампањата.
Македонија
67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец
 
														Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.
Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми.
Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти обвинителството.
Македонија
Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина, порача Мицкоски
 
														Во привот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати во две општини веќе се откажаа, со што трката во вториот круг веќе е извесна и таму. А од останатите 24 очекувам во сите 24 општини да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат градоначалници во своите општини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Македонска Каменица во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.
Додаде дека очекува, со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што, како што оцени, е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија.
Мицкоски ги повика граѓаните на Македонска Каменица, но и на цела Македонија, да излезат да гласаат и на вториот круг во недела и тоа уште помасовно, затоа што со останувањето дома се дозволува некој друг да одлучува за иднината.
„Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани коишто излегоа и гласаа во првиот круг и да ја искористам оваа прилика да ги повикам да излезат и да гласаат во вториот круг. Гледаме дека има наши граѓани коишто, можеби, со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од земјите во западна Европа за да гласаат во општини како што се Брвеница и Кичево и така натаму. А, гледаме дека одредени наши сограѓани остануваат дома мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков револт, пркос или ќе испратат некаква порака, која во суштина нема да биде препознаена, бидејќи кога останувате дома дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина. Затоа мојата порака и мојата замолница до оние коишто сè уште се двоумат дали да излезат во овој втор изборен круг, е да излезат масовно и, нормално, да го заокружат бројот 9 за Димче, за идниот градоначалник на Македонска Каменица“, повика Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина и за секоја педа од македонската територија, што се покажа и во измината година и половина власт.
„Ние се бориме за секоја општина, се бориме за секој човек, се бориме за секој метар квадратен македонска територија, тоа го покажавме како Влада изминатите 16 месеци, така ќе биде и во овој втор круг. Затоа, кога велам дека очекувам сите 26 кандидати кои се во вториот круг сите да победат и да им се приклучат на оние 33, тоа и го мислам и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција правиме се што можеме тоа да се случи и јас сум убеден дека во недела заеднички ќе испишеме уште една историја, којашто до сега не се случила во Македонија“, потенцираше Мицкоски.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											