Свет
Нетанјаху на консултации со војската, уапсени студенти
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, по враќањето од Вашингтон, закажа итни воени консултации, а по ракетниот напад од Газа, и одговор на израелските сили на овие напади.
Агенцијата АП објави дека ситуацијата во земјата е напнатата, дека портпаролката на Универзитетот „Бир Зејт“, Лубна Абделхади, изјавила дека вооружени командоси облечени во цивилна облека влегле во кампусот и на спиење фатиле студенти за кои веруваат дека се активисти на исламистичкото движење Хамас.
Како што објавија, студентите се скриле во кампусот обидувајќи се да избегнат апсење.
Во 2017 година израелските сили го претресоа Универзитетот и го запленија материјалот на политичките групи.
Агенцијата соопшти дека Нетанјаху е пред тешка задача бидејќи се ближат изборите во Израел и не му се исплати долготрајна борба со Хамас.
Училиштата во јужниот дел на Израел беа затворени поради насилството што се случи само две недели пред изборите во Израел.
Вчера беше изведен ракетен напад од Појасот Газа, во кој беше погодена куќа во Мишмерет, во северниот дел на градот Кфар Саба, притоа беа повредени седум лица, вклучувајќи и едно бебе, две деца и две жени.
Израелската армија го обвини палестинското исламистичко движење Хамас и почна распоредување на војниците на границата со Газа, како и напади врз цели на Хамас низ Појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

