Црна хроника
Пријави за поранешни раководни лица во охридската болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/10488280_911303868899996_7804984032964885608_n.jpg)
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Љ.А.(62), М.К.(60) и Г.С.М.(47) од Охрид. Од ноември 2013 до август 2017 година Љ.А. и М.К. во својство на директор и помошник-директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на Г.С.М. ѝ овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата.
Наместо тоа, Љ.А. и М.К. ѝ овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи ѝ плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие ѝ нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид од вкупно 1.240.727,оо денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/obvinitelstvo.jpg)
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.
Црна хроника
Малолетници претепале девојче во парк во Ѓорче Петров: ја ограбиле, а еден од нив и снимал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Денеска во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Измамена скопјанка: лажен полицаец ѝ побарал над 600.000 денари поради сообраќајка на ќерка ѝ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/denari-1.jpg)
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари.
Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.
Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.