Македонија
Скопје се приклучи во програмата „ЕБОР зелени градови“
Скопје е првиот град во Северна Македонија кој ќе се приклучи на програмата на ЕБОР за успешно урбано позеленување и преку програмата ЕБОР зелени градови ќе развие акциски план за справување со еколошките предизвици.
Изготвувањето на акцискиот план за „Скопје – зелен град“ беше промовиран на првата работилница што се одржа денеска, a на неа учествуваа преставници од локалната самоуправа, кои се вклучени во овој проект. Отворањето на работилницата беше промовирано од Петре Шилегов, градоначалникот на град Скопје, и Сузан Горансон, директорката за инфраструктура за Европа, Групација за одржлива инфраструктура при ЕБОР.
Скопје е првиот град во Северна Македонија и петтиот од Западен Балкан што ќе развие акциски план преку програмата „ЕБОР зелени градови“, со што ќе им се помогне на локалните власти да идентификуваат, воспостават приоритети и да се справат со најактуелните еколошки предизвици.
ЕБОР ќе соработува со Град Скопје и со претставниците на општинските институции на овој проект со цел да ги идентификува приоритетите преку претходно дефинирани одредници од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и глобалната мрежа на локалните влади за одржливост (ILCEI) за да создаде план на активности и цели за дејствување во наредните десет години. Планот ќе биде развиен во текот на оваа година пред да биде поднесен за одобрување пред Советот на Град Скопје.
Во јануари годинава ЕБОР потпиша договор за кредит со ЈСП „Скопје“ за подобрување и модернизација на работењето на компанијата што ги управува градските автобуси и подобрување на квалитетот на воздухот. Ова беше иницијалната инвестиција што го поттикна развојот на акцискиот план. Ова e 16-ти инвестициски проект од програмата „ЕБОР зелени градови“, која има фонд од 950 милиони евра, наменети за развивање сеопфатни бизнис-модели за зелен урбан развој, комбинација на стратешко планирање со инвестиции и потребна техничка помош. До 2020 година ЕБОР има цел да го зголеми обемот на сопственото инвестициско потрфолио со т.н. зелени финансии до 40 отсто на годишно ниво, што ќе биде во согласност со обврските од Парискиот договор 2015.
До денес ЕБОР има инвестирано над 1,85 милијарда евра во земјата, во 115 проекти, од кои повеќето се во инфраструктурниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

