Соопштенија
Демократскиот сојуз: Бојкотот на изборите е антидржавен чин
Во пресрет на претседателските избори и најавата за определување датум за почнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија, според Демократскиот сојуз, се наметнуваат неколку приоритети за кои е неопходен политички консензус.
1. Создавање услови за одржување фер, демократски и чисти претседателски услови како гаранција за успешност на изборите.
Во оваа насока мора партиите и коалициите што стојат зад претседателските кандидати да преземат одговорност дека ќе опстојат во изборниот процес, во спротивно треба да понесат политичка и друг вид одговорност. Бојкот на изборите во вториот изборен круг ќе значи антидржавен чин со катастрофални последици за иднината на државата.
2. Работата на специјалното јавно обвинителство треба да продолжи со целосен капацитет, а прислушуваните разговори и натаму треба да бидат доказ во постапките, во спротивно Врховниот суд со право ќе ги изземе од доказите и во предметите во кои досега се користени.
3. Концептот за реформи во тајните служби треба да се заокружи со коренити организациски и кадровски промени во разузнавачките и контраразузнавачките служби.
4. Мора да се изгради систем за целосна департизација на државните институции почнувајќи од приемот на работа во администрацијата.
Партизацијата разорно дејствува врз ефикасноста на државните институции и владеењето на правото.
Само со цврсти и јасни критериуми за прием на работа најкреативните кадри ќе останат да работат во Македонија. Партиските и другите влијанија мора да се санкционираат. Инаку, треба да престанат партиските договарања преку селективна правда, амнестии и други лукративни цели, а наводно во интерес на повисоки цели“, се додава во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

