Македонија
Затворот „Скопје“ ги обучува затворениците за бравари

КПУ „Затвор Скопје“ со поддршка на Управата за извршување санкции, а во соработка со програмата за развој на Обединетите нации, УНДП и Министерството за образование, се одржа обука за стручно оспособување на осудените лица во дрвопреработувачката и браварската дејност. Обуките беа одржани во столарската и браварската работилница при КПУ „Затвор Скопје“ од страна на професори од стручните средни училишта „Партение Зографски“ и „Ѓорѓи Димитров“.
„Ова е од исклучителна важност за осудените лица што во изминатиот период стекнаа знаење и практични вештини за наведените дејности и можност повеќе за конкурентност на пазарот на труд. Воедно, ни претставува особено задоволство што обуки од ваков вид првпат се реализираат во нашата установа, имаше голем интерес од страна на осудените лица за нивно остручување и стекнување практични знаења во делот на занаетите“, изјави директорот Ѓоко Котевски.
По повод успешно спроведената обука и остручување во рамките на проектот „Креирање можности за сите“, денес во управата на КПУ „Затвор Скопје“ свечено беа доделени уверенија за успешно завршена обука на осудените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).