Свет
Германското МВР ќе става под надзор и деца на исламисти помлади од 14 години
Германија мора строго да внимава на децата на исламистите под 14-годишна возраст кои имаат ризик да бидат индоктринирани од своите родители, посочи германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, за што беше жестоко критикуван, пренесува РТ.
Агенцијата за домашна безбедност (БФВ) треба да биде способна да ги акумулира разузнавачките информации за децата чии родители ја напуштиле Германија и им се приклучиле на исламистичките групи на Блискиот Исток, се вели во документот за политики изработен во име на Зихофер, кој беше објавен во „Ди велт“.
Постојните закони забрануваат складирање такви податоци за лица што сè уште не навршиле 14 години, па затоа документот на Зихофер бара амандман со цел да се подготви за ризикот од враќање на децата во земјата. Тие би можеле да скројат заговор за терористички напади или да ја шират исламистичката идеологија.
„Сè повеќе деца и млади луѓе се наоѓаат во џихадистичка средина“, вели Ханс-Георг Енгелке, државен секретар во Министерството.
Тој вели дека има значителен број малолетници шот сега се во Сирија и чии германски родители се сметаат за закана за безбедноста.
„Овие деца може да се вратат“, предупреди тој.
Одделно, Министерството за внатрешни работи бараше дозвола за спроведување онлајн-пребарувања, прислушување компјутери, паметни телефони или други уреди, како и шифрирани разговори и говорни пораки.
Документот во кој се дискутира за запознавање на БФВ со актуелните безбедносни предизвици беше дистрибуиран меѓу другите владини агенции за коментар. Меѓутоа, на некои од нив не им се допаѓа предлогот на Зихофер.
Министерот за правда, Катарина Бејли, се спротивстави на предлогот тврдејќи дека нема смисла да му се даваат повеќе овластувања за надзор на БФВ. Исто така, германската Асоцијација за заштита на децата (ДКСБ) рече дека ставањето под надзор на деца помлади од 14 години е незаконско.
„Децата никогаш не се сторители за мене, барем не оние помали од 14 години“, рече Хајнц Хилгерс, претседател на ДКСБ.
Зихофер не е првиот официјален претставник што се залага за поставување под надзор на малолетници и деца поврзани со исламисти. Минатата година Ханс-Георг Маасен, тогашниот директор на БФВ, разговараше за слична идеја предупредувајќи за децата на кои им биле испрани мозоците во училиштата и градинките на Исламската држава.
Сепак, тој во тоа време изјави дека само мал број од 290 деца и мали деца што ја напуштиле Германија или се родени во Сирија или во Ирак досега се вратиле во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

