Свет
Шестанесетгодишна хиндуска девојка киднапирана во Пакистан
Уште една хиндуска девојка била киднапирана во Пакистан во серијата киднапирања, принудни бракови и преминувања во исламот во земјата во последните неколку недели. Со овој случај моментниот биланс е седум, пренесува РТ.
Во најновиот инцидент е киднапирана 16-годишната Мале Кумари Мегвар. Неименуван локален хиндуски лидер за „Тајмс оф Индија“ изјави дека локалната полиција одбила да почне истрага за инцидентот.
Според тужбата поднесена од таткото на девојката, ноќта кога била киднапирана, четворица мажи влегле во нивниот дом околу 3 часот и ја одвлечкале до возилото што ги чекало по што исчезнале во темнината.
Извештаите за киднапирањето доаѓаат само неколку дена кога две сестри, Рина (15) и Равен (13), биле киднапирани и насилно натерани да преминат во исламот и да се омажат за муслимани. Во вторникот пакистански суд им одреди специјална заштита на девојките бидејќи се спроведува истрага за да се утврдат околностите на нивното наводно киднапирање.
„Девојките се појавија пред Високиот суд во Исламабад во вторникот утрото. Судот му нареди на заменик-комесарот да го преземе нивниот заштитен притвор“, рече Фарук Али, полициски службеник во Готки.
Десетина лица, вклучувајќи го и имамот што ја извршил венчавката, биле притворени во врска со случајот на наводно киднапирање и грабеж.
Министерот за надворешни работи на Индија, Чоукидар Сушма Швараџ, даде ретка изјава за инцидентите во соседен Пакистан предизвикувајќи вербална војна со министерот за информации и за радиодифузија на Пакистан, Фавад Чодри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

