Македонија
(Видео) ДКСК ќе бара непотизам во вработувањата на внукот и внуката на Владимир Панчевски

Државната комисија за спречување корупција отвори три нови предмети за вработувања по непотизам. Антикорупционерите ќе испитуваат дали поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, помогнал во судот да бидат вработени неговите внук и внука, а ќе се испитува и вработувањето на сопругата на поранешниот министер за труд и социјала и за образование Спиро Ристовски.
„Отвораме предмети за Јордан Тасевски вработен во Кривичен суд, а внук на Владимир Панчевски, Марија Димитровска, вработена во Кривичен суд, внука исто така на Владимир Панчевски, и Маја Ристевска, сопруга на Спиро Ристевски вработена во МАПАС“, рече Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција.
Предметите се отворени по допрен глас.
Агенцијата за супервизија и капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС по отворањето на предметот за сопругата на поранешниот министер соопшти дека Маја Ристовска никогаш не била вработена во МАПАС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.