Забава
Жена што не чувствува болка до 65 години не знаела дека е поинаква од другите
Џо Камерон сфатила дека ѝ гори раката кога почувствувала мирис на изгорено. Таа често си ја горела раката со жешки садови во кујната, но никогаш не чувствувала никаква болка, пренесува Би-би-си.
Тоа се случува бидејќи таа е една од двајца луѓе во светот што имаат ретка генетска мутација, при што не чувствува никаква болка, никогаш не се вознемирува, ниту се плаши.
Сè до нејзините 65 години таа не го знаела тоа – дека е поинаква од другите луѓе. Докторите не можеле да веруваат дека не ѝ требаат таблети против болка по сериозна операција. Таа имала тешка операција на раката по што докторите ја предупредиле да очекува болки.
Кога таа не почувствувала ништо, анестезиологот ја испратил на испитување на гените за болка на универзитетот во Лондон и на „Оксфорд“. По испитувањата, биле откриени генетски мутации поради што жената не чувствува болки како другите луѓе.
Џо се сетила дека и на породувањето пред многу години немала болки. Сепак, смета дека болката постои со причина и дека таа им дава предупредување на луѓето.
Докторите веруваат дека Џо може да оздрави многу побргу од другите луѓе. Нејзината состојба ја прави заборавена и малку вознемирена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

