Македонија
Села испрати нон пејпер до ЕУ со забелешки за работата на Владата
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, испрати нон пејпер до високите функционери на Европската Унија, во кој ги информира за конструктивната улога на алијансата со поддршка на сите процеси поврзани со интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ со нивното гласање за прифаќање на уставните измени поврзани со преспанскиот договор. Во документот тој изразува загриженост и ја обвинува Владата дека не презела доволно мерки за исполнување на барањата на ЕУ за воспоставување на владеењето на правото во сите сегменти на политичкиот живот во земјата.
Документот е адресиран до високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Фредерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и министрите за надворешни работи за европски прашања на земјите членки на ЕУ.
Села во нон пејперот со наслов „Напади на СДСМ – ДУИ врз владеењето на правото, кршење на европските вредности во име на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“ истакнува сериозни забелешки за Владата на СДСМ – ДУИ оценувајќи дека покажала неуспех во клучните прашања во врска со демократските и процесите за интегрирање на земјата, кои се клучни за препораките на ЕУ за добивање датум за преговори со ЕУ.
Тој посебно се осврнува на нападот на 27 април во Собранието, реформите во судството и активните истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и високото ниво на криминал, откриени од незаконското прислушување, реформата на службите за разузнавање и безбедност и реформата на јавната администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

