Спорт
Јунајтед и Реал ќе тргнат по Кулибали
Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, во летниот преоден рок ќе влезат во битка за потписот на Калиду Кулибали од Наполи.
Сенегелацот е под договор со Наполи, а неговата откупна клаузула изнесува 150 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентус е познат како „тврд“ преговарач и јасно е дека ќе го одбори трансферот само доколку биде активирана откупната клаузула.
Доколку тоа се случи летово, Кулибали, ќе стане најскапиот дефанзивец игра во историјата на фудбалот.
Кулибали е играч на Наполи од 2015 година, претходно тој играл во Генк и Мец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еурофарм Пелистер (очекувано) поразен од Веспрем
Фото/ rkeurofarmpelister.com
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз од Веспрем 33:26 (20:11), во деветото коло во Лигата на шампионите.
Веспрем, најсериозниот кандидат покрај Барселона за освојување на трофејот оваа сезона, ја демонстрираше класата во првиот дел. Од стартот играчите на Чави Пасквал го наметнаа својот ритам, одминута во минута ја зголемуваа предноста, во 18.минута разликата беше двоцифрена.
Во вториот дел играчите на Пелистер пружија посилен отпор, дури и го добија овој период со два гола. На крајот доживеја пораз со седум гола разлика. Интересно со истата разлика заврши и соочувањето на двата тма во Битола (30:23).
Косоротов и Фабрегас беа најефикасни кај Веспрем со по седум гола. Кај Пелистер се истакнаа Кузмановски со шест, односно Радивојевиќ и Тајник со по пет гола. Одличен на голот со 11 одбрани беше Митревски, неговиот колега Ивиќ кој бранеше во вториот дел од второто полувреме забележа три интервенции.
По девет кола, Пелистер се наоѓа на претпоследното место во А групата со четити бода колку што има и Висла. Веспрем со 16 бодови ја предводи групата.
Спорт
Македонија напредуваше две места на ФИФА листата
Фото/ ffm.mk
Втор месец по ред фудбалската репрезентација на Македонија напредува на ФИФА листата. На најновата „скокна“ две позиции и во поредкот на најдобрите светски репрезентации се наоѓа на 67.место.
Во ноември, Македонија забележа две победи во Лигата на нации, против Латвија и Фарски Острови. Лигата на нации Македонија ја заврши на првото место во својата група и избори пласман во Б-дивизијата.
Инаку, во Топ 10 се врати Германија, а испадна Колумбија, останатите девет селекции се истит од минатото рангирање, со одредена промена на позициите. Аргентина е прва пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил, Португалија и Холандија, скокнаа за едно место, сега се на шестото и седмото, а Белгија падна за две позиции и сега е осма, Италија го задржа дветтото место, а десетта е Германија.
Спорт
Ига Швјонтек суспендирана поради допинг
Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана.
Оваа информација ја објави Меѓународната единица за интегритет (ИТИА), истата организација која претходно беше задолжена за случајот со Јаник Синер.
Се наведува дека Ига Свјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ).
Истрагата на ИТИА покажа дека причина за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.
Затоа, слично како кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не сноси директна вина за позитивниот наод.
Во своја одбрана таа нагласи дека немала намера да ја внесе забранетата супстанца во своето тело. Таа објасни како нејзиниот лекар, експерт за спортска медицина, и препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џет-лаг поради постојаното патување, без таа да знае дека лекот ја содржи споменатата забранета супстанца.
ITIA објави дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако беше позитивена на допинг тестот во август оваа година.
Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства.
Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.
Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинеската Женг.
Таа до неодамна беше број еден во светот, кога приматот го презеде Белорусинката Арина Сабаленка.