Македонија
(Видео) Судбината на џамијата во Охрид ќе се знае по изборите
Премиерот Зоран Заев по денешната посета на Охрид, рече дека решение за 32-метарското минаре ќе се донесе по изборите. Според Заев, следува сензитивен период, а прашањето ќе се решава на средба меѓу засегнатите страни во Владата.
„Поради тоа што е сензитивен период, доаѓаат избори, а Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање, за ова прашање заедно на заеднички состанок по 5 мај ќе разговараме во Владата“, рече Заев.
Тој изјави дека постои решение за конзервација и реставрација, а потврди и дека за изградба на минарето нема одобрение за градба. Без одобрение, секаква градежна активност на минарето се смета за незаконска.
„Апелирам до охриѓани, но и сите други, со целосна меѓусебна почит, со меѓусебно разбирање, да продолжиме во рамките на законот, соживотот и во рамките на нашата меѓурелигиска разноликост“, рече Заев.
Од Исламската верска заедница пред три дена изјавија дека градежните работи се во тек и дека тие нема да престанат оти компромис за изградбата на минарето не прифаќаат и покрај тоа што Обвинителството донесе решение за забрана на изведување градежни работи.
Заев контра нив вели дека минарето не се гради.
„По состанокот што го одржавме, сопрена е изградбата на минарето. Во моментот знам дека може да се прочистуваат каналите околу самиот објект, што е во рамката на одржување на самиот објект. Верувам, ќе ги почитуваат своите ветувања и дадениот збор за да можеме во духот на Охрид и ова наше богатство да го најдеме решението на овој проект“, заклучи Заев.
Томе Џамтоски од „Совест“ претходно рече дека премиерот Заев им ветил дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап до џамијата во Охрид, но такво нешто нема.
Основото јавно обвинителство отвори предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на Обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот. Но, решението не се почитува.
„По извршениот увид на терен, се забележа дека мерките на претпазливост не се почитуваат од страна на осомничените, а за утврдување на промената на фактичката состојба во повеќе наврати од страна на јавниот обвинител е издадена наредба до градежен инженер, кој излегуваше на самото место во присуство на полициски службеници“, изјавија од Обвинителството.
Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата, како што велат од Левица, доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина партијата, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.
„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.
„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.
Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.
„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.
Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.

