Вести
Хаос во Балтимор, во немири повредени полицајци

По две недели тензии, во понеделникот, во Балтимор се случија немири, по смртта на Фреди Греј, јавија американските медиуми.
По две недели тензии, во понеделникот, во Балтимор се случија немири, по смртта на Фреди Греј, јавија американските медиуми.
Банди се здружија против полицијата на улиците на овој американски град, при што повредени се повеќе полицајци, искршени дуќани и украдена е стока.
Гувернерот Лери Хоган прогласи вонредна состојба ја повика националната гарда, а полицијата побра дополнителни 5.000 службеници напомош од соседните држави.
Градоначалникот Стефани Роулингс Блејк прогласи `полициски час` од 22 часот до 5 часот наутро, што ќе почне од втроник, откако демонстрантите уништија соседство по соседство.
Според неа, демонстрантите имаат само една цел, да го уништат градот.
„Премногу генерации го градеа овој град за да биде уништен од неколкумина, кои се обидуваат да уништат се што некој градел. Идиотски е да се помисли дека со уништување на сопствениот град ќе го направиш животот за некого подобар.“, вели таа.
Според државната поолција, во Балтимор во понеделникот имало околу 1.500 полицајци, а најверојатно таму ќе се испратат и 5.000 војници од националната гарда.
Протестите започнаа по смртта на 25-годишниот жител на Балтимор кој бил во притвор, а починал од тешки оштетувања на рбетот и други повреди, додека бил во притвор.
Случајот е под истрага, а околностите во кои настанала смртта се уште не се јасни.
Насилствата започнаа неколку часа по неговиот закоп и покрај молбите од неговото семејство за мирни протести.
„Тоа не го бараше моето семејство. Ова не е правда, Ова е само начин на неколкумина да украдат нешто“, вели роднина на Греј. Тие не протестираат, а велат ќе учествуваат во расчистување на градот по немирите.
Поради немирите беше откажан натпревар, а затворени се и јавните училишта.
Попладнето во понеделник, се случи масовен пожар во зграда во изградба, за што соседите велат дека е поврзан со немирите, а пожарникарите се уште не ја утврдиле причината за избивање на пожарот.
Претседателот на САД, ја повика Роулинг Блејк и Хоган да го воспостават мирот во гадот.
Насилствата започнале во 3 часот попладне, во Мондаумин трговскиот центар, од деца кои се враќале од училиште и почнале да фрлаат камења во излозите и кон кордонот полицајци со штитови. Додека полицијата обезбедувала одреден простор насилниците почнале да влегуваат во продавниците и да крадат се што ќе посакаат.
Некои сведочат за камиони полни со стока од продавниците кои заминувале додека полицијата обезбедувала други критични места.
Најмалку 15 полицајци се повредени, двајца се во болница, во насилните судири.
Во понеделник вечерта полицијата уапсила 27 учесници во немирите.
Повикани се возрасните жители на градот да се обидат да ги смират младите и да го вратат мирот во градот./крај/бс/бб
Извор: Baltimore Sun
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.