Македонија
Шилегов на велосипед на „Денови на екологијата“ во Бутел

Денеска се одржа завршниот настан од манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“ кој е во организација на Општина Бутел.Во рамките на оваа манифестација изминативе 10 дена на територијата на општина Бутел беа организирани голем број на еколошки настани и активности чија главна цел беше јакнење на еколошката свест кај граѓаните.
Под мотото „Вози велосипед за почист свет“ денеска се одржа големо велосипедско дефиле, на кое учество зедоа ученици од сите основни училишта од Бутел. Во велосипедското дефиле учествуваа и градоначалниците на Град Скопје и Општина Бутел, Петре Шилегов и Велимир Смилевски, а пред одржувањето на дефилето им се обратија на присутните.
Градоначалникот Шилегов во своето обраќање наведе дел од проектите коишто Градот Скопје ги реализира за подобрување на велосипедската инфраструктура, како и за општите бенефити од користењето на велосипедот како рекреативно и превозно средство.
,,Возењето велосипед освен што е здрава навика, ќе ни помогне многу и во намалувањето на сообраќајниот метеж кој станува реален проблем во градот. Но најважно од сѐ е тоа што ќе го намали и аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот кој е еден од трите најголеми фактори на загадувањето покрај индустријата и загревањето на домаќинствата. Само така ќе успееме да постигнеме одржлива урбана мобилност во нашето Скопје и само така ќе фатиме чекор со модерните европски градови кои посветуваат сериозно внимание на оваа проблематика. Во изминатите децении воопшто не е работено на велосипедската инфраструктура во северниот дел на градот и тоа е нешто што во изминатиов период работиме да го поправиме. На две од четирите градски улици во Бутел имаме велосипедски патеки, а работиме на велосипедски патеки на повеќе сообраќајници во должина од 2,5 километри во Чаир, за лани да изградиме над 14 километри велосипедски патеки, а ќе продолжиме со подобрување на оваа инфраструктура и во иднина”, кажа градоначалникот Шилегов.
Во рамките на завршниот настан на манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“ беа доделени награди и благодарници за учениците кои зедоа учество во активностите и настаните кои се одржаа изминативе 10 дена, а доделени беа и наградите од конкурсот за најдобар Екострип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.