Македонија
Пожари низ целата држава
Центарот за управување со кризи на својата „Фејсбук“ страна објави информација за активните и изгаснатите пожари на отворен простор до 18 часот.
Од ЦУК информираат дека во скопскиот регион, во место викано Љуботенски бачила зафатена е поголема површина на нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец“. Пожарот во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево е изгаснат. Овој пожар, велат од ЦУК, зафати дел од пругата, поради што сообраќајот беше во прекин на релација Скопје – Велес, но веќе е нормализиран. Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. Досега е опожарена голема површина на даб и смрека.
Во битолскиот регион пожарот кај селата Прељубје и Покрвеник- Перово место викано Вича е целосно изгаснат. Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале е ставен под контрола. Во општина Долнени појавен е пожар кај село Небрегово гори шума, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП. Активен пожар има кај с.Топлица во близина на каменоломот, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП, велат од ЦУК.
Во тетовскиот регион, пожарот кај селото Лакавица, општина Желино е се уште активен. Пожарот се шири кон село Седларево потпомогнат од силниот ветер.
Во општина Гостивар појавен е шумски пожар кај село Ѓурѓевиште на пожарот интервенираат од ТППЕ Гостивар
Од ЦУК информираат дека во делот н охридскиот регион, во моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, каде гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од ШС.Сандански. Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума.
Во велешкиот регион, активен пожар има во атарот на селото Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес. Во општина Чашка има пожар во атарот на с. Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас.
Штипски регион – во атарот на селото Саса м.в Маалаците пожарот е локализиран, но дел од пожарот се уште e активен и зафатена е нискостеблеста шума на површина од околу 150 Ха. Во општина Берово има активен пожар во атарот на м.в Цареви колиби, Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснење на пожарот интервенираат вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.
Во струмички регион опожарен е атарот на селото Куклиш каде гори борова шума. Во гасењето учествуваат од ТППЕ Струмица и од ШС Беласица.
Во кумановски регион, во Општина Липково пожарот во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре е изгаснат. Во општина Крива Паланка во атарот на селото Габор маало Милчовци према Метежево има пожар каде гори сува трева и мешовита шума. Во гасење на пожарот интервенираат ТППЕ Крива Паланка и екипа од ШС Крива Паланкa. Шумскиот пожар во атарот на селото Живиње е исто така сеуште активен, информираат од Центарот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.
Македонија
Во изминатите девет часа најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.
По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 1 л/м2 во Прилеп.
Од УХМР информираат дека на повеќе места низ земјава има интеракција на подземните и површинските води и појави на заезерувања од самите врнежи. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар, река Црна и на река Треска. На останатите помали реки се очекува постепена стагнација и намалување на водостојот во вечерните часови.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините во северозападните делови врнежите од дожд ќе преминуваа во врнежи од снег. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Управа за хидрометеоролошки работи, претходно околу 14:00 часот информира дека на хидролошката станица на река Вардар во Балин Дол е регистрирано намалување на водостојот на реката, но тој сеуште останува висок и постои опасност од излевање на реката во гостиварскиот регион, додека во наредните часови водниот бран ќе се движи низводно кон Полошката Котлина и Скопје, каде што се можни локални излевања и заезерувања во Полошката Котлина.
И во Скопје ce очекува висок водостој на реката Вардар, при што е зголемен и водостојот на реката Лепенец.
Поради зголемениот водостој на реките Кадина и Маркова, како и поради водите што не пристигнат од Горен Вардар, од УХМР информираат дека можни се локални заезерувања низводно од Скопје, на потегот околу селата Зелениково, Орешани и Таор.
Водостојот на реката Треска е во пораст и можни се излевања кај селата Пласница и Лисичани. Водостојот на реката Зајашка останува висок, со тенденција за благо намалуване во наредните часови.
Во сливот на реката Црна можни се заезерувања во Демирхисарскиот регион и Пелагониската Котлина.
Македонија
УХМР: Претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава
Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, исти така, предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава.
-Регистриран е прилично висок водостој на река Кумановска и во нејзиниот слив се можни локални излевања на реките и суводолиците. Исто така, на река Треска останува исклучително висок водостојот и во нејзиниот слив се можни локални излевања, а надојдената вода е можно да претставува опасност и по столбовите на дел од Мостовските конструкции – информираат од УХМР.
На останатите водотеци на западот од земјата остануваат високи водостоите но се со тенденција на намалување. На истокот засега има помали зголемувања на водостоите на реките, иако беа забележани локални и изолирани појави на интензивни поројни врнежи во поедини делови.
-До крајот на денот се очекува да остане висок водостојот на река Вардар во горниот дел, а во текот на вечерта и за време на ноќта да има зголемување на водостојот низводно од Скопје (Јурумлери, Орешани, Зелениково, Таор) како и во Велес. Исто така и на река Треска се очекува да остане исклучително висок водостојот до крајот на денот и вечерта – информираат од УХМР.

