Спорт
Роналдо доби 4 милиони лајка на Инстаграм за полуголата фотографија
Кристијано Роналдо не само што е една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, туку е „гигант“ на социјалните мрежи, каде што неговите постови собираат милиони лајкови.
Овојпат, до бројката од 4 милиони лајка дојде фотографија на фудбалерот на Јувентус на Инстаграм во која тој е полугол (само во гаќи) и на која се гледа неговото „исцртано“ тело.
Дали дамите го преферираа ова, или фудбалските фанови се импресионирани од неговата мускулатура, проценете сами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски: Против Летонија имаме шанса да ја видиме и пошироката слика
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто.
„Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари”, изјави селекторот Благоја Милевски.
Фудбалската федерација на Македонија за утрешниот пријателски натпревар со Летонија донесе одлука за бесплатен влез на трибините на Националната Арена, како еден знак на благодарност до навивачите за поддршката која ја дадоа во овој квалификациски циклус.
Izvor/ ffm.mk
Спорт
Ѓоковиќ откри што сака да му пишува на надгробната плоча
Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времињај беше гостин во интервју со познатиот англиски новинар Пирс Морган.
Едно од најпаметните прашања што му ги постави Морган беше што би сакал да му биде напишано на надгробната плоча.
„Човек кој ги допре срцата на луѓето“, одговори Ѓоковиќ, потоа објасни и зошто.
„Еден од луѓето кои многу ми помогнаа со менталната сила и еден од најголемите спортски психолози кои некогаш живееле, д-р Џим Лоер, кој работел со многу шампиони и играчи број еден во светот, и во машкиот и во женскиот тенис. Едно од неговите главни прашања е: Што би сакале да ви биде напишано на надгробната плоча?
Тоа е одлично прашање. И ве тера да размислите, ве тера да се прашувате, знаете, како сакате да бидете запаметени.
Јас, би сакал, мислам, очигледно, достигнувањата и резултатите и круните и титулите – тоа е нешто на што сум многу горд. Не можам тоа да го игнорирам. Многу сум горд на тоа. Цел живот работев напорно за да стигнам до местото каде што сум сега и да бидам во оваа дискусија. Затоа го прифаќам со голема гордост“, рече српскиот тенисер.
„Но, навистина верувам дека мојот тениски татко, како што го нарекувам, почина пред нешто повеќе од еден месец, а јас бев на неговиот погреб. И тоа беше првиот погреб на кој некогаш сум бил. И мојот најголем впечаток од тоа, покрај неверојатната тага и емоции што ги почувствував, е човечката врска, врските што ги остави зад себе и ги воспостави за време на својот живот и кариера.
Како ги допре срцата на луѓето кои беа не само на тој погреб, туку и во тенискиот клуб, што беше мал настан по погребот одржан во негова чест. Начинот на кој луѓето зборуваа за него не беше за тенисот и она што го постигна како играч или како тренер, или кого тренираше итн.
Се работеше за тоа кој беше тој како личност. Како се однесуваше кон луѓето. Како ги промени животите на младите луѓе или на секој што му беше близок. И така сакам да бидам запаметен“, заклучи Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ја освои својата 101-ва АТП титула во кариерата на крајот од минатата недела. Тој победи во Атина во финалето против Италијанецот Лоренцо Мусети. Тој стана најстариот победник на АТП турнир откако беше воспоставена АТП турнејата во 1990 годинa.
Foto/ EPA
Спорт
Лапорта не жали што Меси ја напушти Барселона
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја коментираше за ненадејната посета на Лео Меси на „Камп Ноу“ минатата недела. Во разговор за „Радио Каталуња“, Лапорта призна дека не знаел за намерите на Меси, но повтори дека не жали за заминувањето на Аргентинецот од клубот во 2021 година.
Лапорта го опиша доаѓањето на Меси како спонтан чин на посветеност кон клубот.
„Добро го примив. Тоа беше спонтан чин на неговата љубов кон Барселона. Не знаев, но тоа е негова куќа. Беше со своите пријатели, шеташе, само вечераше и спонтано застана“, објасни претседателот, додавајќи дека има добар однос со Меси.
„Тој игра за Интер од Мајами. Знае дека е сакан и ценет за тоа кој е и дека секогаш ќе биде добредојден. Праведно ќе биде да ја добие најголемата почит во светот. Би било прекрасно да се одржи тука, пред 105.000 навивачи.“
Кога беше прашан за заминувањето на аргентинската ѕвезда, Лапорта остана цврст на својот став. „Не жалам. Барса е над сè. Не можеше да биде поинаку“, рече тој.
Меси одигра 778 натпревари за Барселона, постигна 672 гола и асистираше за уште 303.

