Спорт
Дали Шарл Леклер е следната голема Ф1-ѕвезда?
Речиси совршената трка на Шарл Леклер на неделната трка во Бахреин, која заврши со солзи за возачот од Монако кога неговото Ферари остана без моќ, го промовира 21-годишниот поранешен возач на Заубер како најновата Ф1-ѕвезда, односно човек од кого се очекува да освојува титули.
Леклер беше најбрз речиси во сите сесии на патеката Сакир, ја освои пол-позицијата со удобна предност и беше на пат до лесна победа кога на 10 круга пред крајот се појавија проблеми со моторот. Луис Хамилтон во Мерцедес ја наследи победата, но петкратниот шампион и неговиот шеф Тото Волф беа импресионирани од тоа што го видоа од Леклер.
„Мислам дека видовме млад возач што набргу ќе биде шампион и кој беше емотивен победник во Бахреин. Најбрзиот човек и најбрзата машина“, изјави вчера Волф.

Леклер го замени светскиот шампион од 2007 година, ветеранот Кими Раиконен, на крајот на минатата сезона во неочекуван потег за Ферари, тим што обично повеќе смета на искусни возачи отколку на таленти. Најмладиот возач на Ферари од 1961 година покажа дека може да се справи со очекувањата и со притисокот.
Кумчето на поранешниот талент на Ферари, Жил Бјанки, Леклер, го загуби таткото во 2017 година пред Формула 2-трката во Баку, но тој остана смирен и победи од пол-позицијата.
„Многу импресивно. Знам многу возачи што го имаат лавот во себе и кои ќе реагираат поконтроверзно на тоа трето место. Но, Шарл не е таков“, вели Волф.
Sometimes, it is just not your day. Today it was not ours but I’m so proud of my team. They gave me an amazing car all week-end long and we’ll come back stronger, I’m sure ?
?: @motorsportpics1 pic.twitter.com/tlNAq7BHxt— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) March 31, 2019
Леклер, кој инаку е на иста возраст со уште еден талент, Макс Ферстапен во Ред бул, засега останува скромен.
„Во основа сум задоволен од викендот. Секогаш сакам да се фокусирам на негативните работи, така што има работи на кои можам да работам за да бидам подобар во иднина“, изјави скромно Леклер.
Трагедија за Леклер и Ферари во Бахреин – Мерцедес до „подарена“ 1-2 победа!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ откри што сака да му пишува на надгробната плоча
Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времињај беше гостин во интервју со познатиот англиски новинар Пирс Морган.
Едно од најпаметните прашања што му ги постави Морган беше што би сакал да му биде напишано на надгробната плоча.
„Човек кој ги допре срцата на луѓето“, одговори Ѓоковиќ, потоа објасни и зошто.
„Еден од луѓето кои многу ми помогнаа со менталната сила и еден од најголемите спортски психолози кои некогаш живееле, д-р Џим Лоер, кој работел со многу шампиони и играчи број еден во светот, и во машкиот и во женскиот тенис. Едно од неговите главни прашања е: Што би сакале да ви биде напишано на надгробната плоча?
Тоа е одлично прашање. И ве тера да размислите, ве тера да се прашувате, знаете, како сакате да бидете запаметени.
Јас, би сакал, мислам, очигледно, достигнувањата и резултатите и круните и титулите – тоа е нешто на што сум многу горд. Не можам тоа да го игнорирам. Многу сум горд на тоа. Цел живот работев напорно за да стигнам до местото каде што сум сега и да бидам во оваа дискусија. Затоа го прифаќам со голема гордост“, рече српскиот тенисер.
„Но, навистина верувам дека мојот тениски татко, како што го нарекувам, почина пред нешто повеќе од еден месец, а јас бев на неговиот погреб. И тоа беше првиот погреб на кој некогаш сум бил. И мојот најголем впечаток од тоа, покрај неверојатната тага и емоции што ги почувствував, е човечката врска, врските што ги остави зад себе и ги воспостави за време на својот живот и кариера.
Како ги допре срцата на луѓето кои беа не само на тој погреб, туку и во тенискиот клуб, што беше мал настан по погребот одржан во негова чест. Начинот на кој луѓето зборуваа за него не беше за тенисот и она што го постигна како играч или како тренер, или кого тренираше итн.
Се работеше за тоа кој беше тој како личност. Како се однесуваше кон луѓето. Како ги промени животите на младите луѓе или на секој што му беше близок. И така сакам да бидам запаметен“, заклучи Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ја освои својата 101-ва АТП титула во кариерата на крајот од минатата недела. Тој победи во Атина во финалето против Италијанецот Лоренцо Мусети. Тој стана најстариот победник на АТП турнир откако беше воспоставена АТП турнејата во 1990 годинa.
Foto/ EPA
Спорт
Лапорта не жали што Меси ја напушти Барселона
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ја коментираше за ненадејната посета на Лео Меси на „Камп Ноу“ минатата недела. Во разговор за „Радио Каталуња“, Лапорта призна дека не знаел за намерите на Меси, но повтори дека не жали за заминувањето на Аргентинецот од клубот во 2021 година.
Лапорта го опиша доаѓањето на Меси како спонтан чин на посветеност кон клубот.
„Добро го примив. Тоа беше спонтан чин на неговата љубов кон Барселона. Не знаев, но тоа е негова куќа. Беше со своите пријатели, шеташе, само вечераше и спонтано застана“, објасни претседателот, додавајќи дека има добар однос со Меси.
„Тој игра за Интер од Мајами. Знае дека е сакан и ценет за тоа кој е и дека секогаш ќе биде добредојден. Праведно ќе биде да ја добие најголемата почит во светот. Би било прекрасно да се одржи тука, пред 105.000 навивачи.“
Кога беше прашан за заминувањето на аргентинската ѕвезда, Лапорта остана цврст на својот став. „Не жалам. Барса е над сè. Не можеше да биде поинаку“, рече тој.
Меси одигра 778 натпревари за Барселона, постигна 672 гола и асистираше за уште 303.
Спорт
(Видео) Роналдо потврди: СП 2026 ќе ми биде последно
Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе биде неговиот последен настап на големата сцена, во националниот дрес.
Во интервју за „Си-Ен-ЕН“ за време на самитот во Ријад, капитенот на португалската репрезентација изјави дека на 41-годишна возраст е вистински момент да се збогува.
„Уживам во моментот, но кога велам наскоро – мислам навистина наскоро. Му дадов сè на фудбалот. Во играта сум 25 години, постигнав многу, имам бројни рекорди во клубовите и во репрезентацијата. Горд сум на сè што направив, а сега само сакам да уживам во овие моменти“, рече Роналдо.
Постигна 143 гола за Португалија, исто така тој е првиот играч што постигнал гол на пет различни Светски првенства.
Следното Светско првенство ќе биде најголемо во историјата, со 48 национални селекции, и ќе започне на 11 јуни 2026 година во САД, Мексико и Канада. Ждрепката е закажана за 5 декември во Вашингтон.
Оваа година, Роналдо испиша историја и надвор од теренот – според Блумберг, тој стана првиот фудбалер милијардер, откако го продолжи договорот со Ал Наср од Саудиска Арабија.
Зборувајќи за иднината, Роналдо нагласи дека негова најголема желба е неговиот син Кристијано Јуниор, член на португалската репрезентација под 16 години, да ги надмине неговите успеси.
„Луѓето обично не сакаат некој да биде подобар од нив, но јас навистина сакам мојот син да биде подобар од мене. Никогаш нема да бидам љубоморен, верувајте ми“, рече Роналдо.

