Спорт
Варан го известил Реал дека сака да замине
Францускиот дефанзивец Рафаел Варан, наводно, веќе ги информирал шефовите во Реал Мадрид дека сака трансфер ова лето по осум сезони во шпанската престолнина.
Според шпанската ТВ „Ел чирингуито“, дефанзивецот сака трансфер во друг клуб, а Реал веќе одредил дека тој може да замине за 100 милиони евра со многу заинтересирани клубови во цела Европа, како Манчестер јунајтед, Пари Сен-Жермен и Јувентус.
25-годишниот Варан освои сè што можеше со Реал по пристигнувањето во 2011 година од Ленс – две титули од Ла Лига, една од Копа дел реј и четири трофеи од Лигата на шампионите, а лани со Франција стана и светски шампион. Тој наводно е незадоволен од животот во Мадрид, иако неговиот сонародник и тренер, Зинедин Зидан, инсистира дека Варан е среќен.
„Тој е тука осум години и досега одигра феноменално. Мене ми изгледа среќен и посветен на работата и чувството е добро. Секако, има шпекулации дека го сакаат други тимови, но јас го гледам во Реал“, изјави Зидан.
?NOTICIA #JUGONES | Varane ya LE HA COMUNICADO al Madrid que QUIERE SALIR en VERANO. Su VENTA estaría CERCA de los 100 MILLONES. pic.twitter.com/rVbc52UD3k
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 1, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчини ќе му биде тренер на Роберто Фирмино
Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа.
Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор.
„Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер на Ал Сад, договорот е затворен“, објави Фабрицио Романо.
По деветтото коло, Ал Сад е на шестото место на табелата на Катарската лига со 14 бода. Прва ѕвезда на тимот е поранешниот фудбалер на Ливерпул, Бразилецот Роберто Фирмино.
Последниот ангажман на Манчини беше како селектор на Саудиска Арабија, која ја напушти во октомври минатата година.
Пред тоа, тој беше селектор на Италија (ја освои титулата на ЕУРО 2020). За време на неговата богата кариера, тој беше тренер и на Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити (им ја донесе првата титула на „Граѓаните“ по 44 години), Галатасарај, Интер и Зенит.
Спорт
Поранешен играч на Јунајтед го тужи клубот за небрежност при лекување повреда
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за 1 милион фунти (1.300.000 евра) поради наводна „клиничка небрежност“ во третманот на повреда на грбот, тврдејќи дека таа му предизвикала „сериозни“ и долгорочни проблеми.
Туанзебе, кој поминал низ познатата фудбалска академија на клубот, ја поднесе тужбата во Високиот суд уште во јули, а сега се откриени клучни детали од случајот.
Главната поента на тужбата се однесува на стрес фрактура на долниот дел од ‘рбетот (фрактура на pars interarticularis) што ја претрпел во јануари 2020 година. Судските документи наведуваат дека повредата му предизвикала на играчот „значителна болка и непријатност од нејзиниот развој и влошување“.
Проблемот, се тврди, станал хроничен во јули 2022 година, кога Туанзебе ја претрпел истата повреда, но на десната страна од долниот дел од ‘рбетот. Во тужбата се наведува дека соодветен третман веројатно би спречил подоцнежни компликации.
„Соодветните планови за лекување веројатно би резултирале со тоа што тужителот би ја избегнал болката и непријатноста наведени подолу и би му овозможиле да игра професионален фудбал на елитно ниво без ограничувања или пречки“, се наведува во документите.
„Како што стојат работите сега, иако тој продолжува да игра на елитно ниво, тоа влијаело на неговата кариера и неговата заработка.“
Туанзебе и неговиот правен тим тврдат дека Манчестер Јунајтед не му дал доволно време да се опорави од повредата, ниту го упатиле кај специјалист за спортска хирургија на ‘рбетот откако се случила фрактурата.
Дефанзивецот, кој денес игра за Барнли, верува дека проблемот немало да стане хроничен доколку клубот постапел поинаку.
Туанзебе мина низ во младинската академија на Манчестер Јунајтед. Тој го имаше своето деби за првиот тим во 2017 година и одигра 37 натпревари.
Спорт
Милевски: Против Летонија имаме шанса да ја видиме и пошироката слика
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто.
„Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари”, изјави селекторот Благоја Милевски.
Фудбалската федерација на Македонија за утрешниот пријателски натпревар со Летонија донесе одлука за бесплатен влез на трибините на Националната Арена, како еден знак на благодарност до навивачите за поддршката која ја дадоа во овој квалификациски циклус.
Izvor/ ffm.mk

